Значи
беше договорено да се чекаме во 13ч на почетокот на Порта
Влае (кај гелендерот). Бевме собрани цел Vlae Sk8 Crew.
Први дојдоа Риат, Сефи, Игор, Диме и други... Поседевме
тука малце и ги почекавме да дојдат Хакер, Бушав, Ана, Шуки,
Пеџа, Диви, Перо, Иле... Почнавме да возиме околу 13:30
(додека го наместивме банерот и сл.) Инлајн-ерите возеа
претежно на гелендарот, а Риат се здиве на големиот гап
што е одма до гелендарот. Тука Диви стаи еден добар misty
flip по што сите му аплаудираа. После тоа возевме низ цела
Порта. Рипавме скали, кршевме ѕитчиња, паѓавме, се кршевме
и шо уше не. Во глобала целата сесија испадна супер, снимивме
многу добри клипови и слики, делевме налепници:). На крај
возевме кај бензиската станица. Престанавме да возиме околу
16ч и сите си отидоа по дома. Толку од мене. Пишете на четот
што мислите за сесијата.
Поздрав. Јоци ( Vlae Sk8 Crew) |