Дојде
ден 25.08.2004 и тргнавме
накај Софија
за третиот
натпревар
припремен
од страна
на AISA (Aggressive Inline Skating Association). Кога стигнавме
таму отидовме
нешто да каснеме
до McDonalds
на поминување
ни беа ѕитчињата
на НДК и видовме
дека во 9 часот
сабајле спијат
некои дечки
со ролери
на нив. Во McDonalds видовме
уште тројца
со ролери
и отидовме
да се упознаеме
со нив. Дознавме
дека тоа биле
дечките од
Романија,
а тие што спиеле
на ѕитчињата
се останатите
романци. Датите
на натпреварот
беа 28ми Vert(Half-Pipe) и 29ти стрит
но за жал поради
проблеми
со скејтбординг
федерацијата
Vert натпреварот
сеуште не
е одржан и
во тек е договарањето
на датата.
Додека да
стигне 29ти
бугарите
не носеа на
полно места
за возење
и упознавме
полно луѓе.
На 28ми стигнаа
србите и направивме
голема сесија
и видовме
работи што
воопшто не
очекувавме
да ги видиме.
Се виде дека
луѓето од овие три
земји (Бугарија,
Романија
и Србија) дека
стварно возат
и не воодушевија
со работите
кои ги изведуваа.
И конечно
дојде 29ти -денот
на стрит натпреварот
и од 10 часот
сабајле на
ѕитчињата
кај стадионот
почнаа да
се пријавуваат
тие што сакаа
да учествуваат.
Имаше околу
50ина луѓе пријавени
и бевме поделени
во 5 групи, секоја
група возеше
по 15 минути
и тие што беа
најслабите
се елиминираа.
Како второ
место за возење
беше шипката
близу half-pipe
–от која беше
направена
специјално
за натпреварот.
Како последно
место беа
избрани два
гелендари
со скали во
средина и
трева од надворешна
страна и тука
паднаа многу
добри трикови
особено од
страна на
Мили, Цецо,
Руслан, Никола
и Михаи. Во
финале останаа
6 души и од нив
прво место
зема Мили(Романија),
второ место
Никола(Бугарија),
трето место
Цецо(Бугарија),
а за најдобар
трик зема
србинот Небојша
со Misty flip од
висина од
2ипол метри
и преку тревник
долг 3 метри
и за Херој
на денот беше
избран Руслан(Бугарија).
Спонзори
на натпреварот
беа Opet
Full Force, Ignition Skate Shop, Union Bank, Be-Mag, North
Shipping, Usuri, Mountain Drew, USD, Pell Mell Cloathing,
Sifika, Elder Anything Cloathing, Deshi, Kizer, Powerslide
и Undercover wheels. Од
целиот натпревар
сум презадоволен,
пред се од
страна на
организацијата
која беше
зачудувачки
добра, каде
и да идевме
доаѓаше полиција
со нас која
не обезбедуваше,
ни овозможуваше
да го користиме
цел град за
возење и го
стопираше
сообраќајот
на местата
кај што возевме,
а имаше раздвиженост
на автомобили.
Сцената во
Бугарија
е многу развиена,
а ја сочинуваат
луѓе од сите
возрасти
од двата пола-машки
и женски.
Направивме
исто и кратко
интервју
со огранизаторот:
XMKD:
Како се викаш
и од кај си?
Marco: Се викам
Марко Џара
и сум од Австралија.
XMKD: Што
те поттикна
да организираш
натпревар
како што е
овој?
Marco: Тоа
што ме поттикна
да го направам
натпреварот
е љубовта
која ја имам
спрема споротот
и сакав да
соберам луѓе
од пошироко
што имаат
голема љубов
спрема спортот
на едно место.
XMKD: Убав
одговор. Марко,
кажи ми како
успеа да ги
собереш спонзориве,
мислам сите
овие се големи
светски фирми(USD,
Kizer, Deshi, Undercover, Ignition итн.)?
Marco: Неколку
од тие фирми
припаѓаат
на една поголема
фирма наречена
Powerslide и
правев муабет
со луѓето
од Powerslide со кои
јас соработувам
и
беа пресреќни
да спонзорираат
натпревар,
Ignition ни
се одсекогаш
спонзори
и со нив соработувам
одамна, а за
да ни станат
спонзори
зборев со
Лео(еден од
главните
продавачи)
и ми рече дека
газдата 99% ќе
сака да биде
спонзор и
единствено
што треба
да направам
е да му пишам
и да го прашам,
што и направив
и тој се согласи
и Ignition ни
станаа спонзори.
XMKD: Дали
очекуваш
многу од натпреварот,
од луѓето
што ќе учествуваат?
Marco: Очекувам
да биде предобар,
пред се ќе
учествуваат
луѓе што често
ги гледам
како возат
и секогаш
кога ќе ги
видам ме оставаат
без зборови
но најважно
е дека ќе има
добро дружење.
XMKD: Фала
многу Марко
за одговорите.
Marco: Нема
проблем ако
ве интересира
повеќе прашајте
и со среќа
на натпреварот. |