ВИДЕО ГАЛЕРИЈАЕ-маилГлупостиНаградна ИграEnglish Version
 
acid wear
Velofest
alpinizam.org
plagij.at
paragliding club Vertigo
blog za skiroli
SkopjeClubbing
Нека Xmkd.com биде моја почетна страна! Нека Xmkd.com биде една од моите омилени вебстрани!
 

 

 



денеска е:

- OFFEST 2005 na plostad
Интересна беше идејата на организаторот на Off Fest, последната фестивалска вечер да се одржи на градскиот плоштад. Музика + ефтино пиво (во околните продавници) = добра забава. Дефинитивно ова е потег кој мора да се поздрави. Да се надеваме дека тоа ќе стане традиција и за наредните изданија на фестивалот. По настапите на Danyel Waro од Реунион, португалската фадо пеачка Mariza и одличниот американски рок состав Mercury Rev, честа да го затворат фестивалот ја имаа Бразилците Nacao Zumbi и британскиот бенд Transglobal Underground.
Настапот на Nacao Zumbi започна со прилично големо доцнење. Нивната музика се базира на ударачките инструменти. Бендот има осум членови од кои дури шестмина свиреа на различни видови на тапани. Нивниот стил на свирење се нарекува манге бит и претставува комбинација на традиционалните ритмови од североисточен Бразил со урбаните стилови како метал, хард-фанк и даб-реге. Искрено, очекував многу повеќе од Nacao Zumbi. Звучеа досадно, се чувствуваше недостатокот на уште некоја гитара и сите песни личеа една на друга. Не останав до крај да го отслушам нивниот настап туку тргнав во потрага на Скопско во литарско пакување. Очигледно не бев единствен кој бараше шише од најдобриот и најефикасен освежителен пијалок. Потрагата заврши по 25 минути, односно по десетина поминати продавници.
Кога се вратив веќе беше започнат настапот на Transglobal Underground. Британскиот бенд кој во Скопје настапи како дел од промотивната турнеја на својот најнов албум Impossible Broadcasting. Може некој од вас го памети нивниот одличен настап на фестивалот Таксират од пред неколку години. И овој пат одлично се претставија пред скопската публика. Речиси немаше човек кој не скокаше понесен од заразната музика на Transglobal Underground. Со својот настап покажаа дека се еден од најмоќните британски бендови кои се особено уверливи во своите настапите во живо.
(фото бај Џими, текст бај Филип)
Pozdrav!
муабети box
Chat Forum
email box

username



password

snow box