 |
|

 |
 

|
NOKIA
Snowboard World Cup update
|
Екипата
на XMKD com се наоѓа директно на самиот настан организиран
од NOKIA. Односно светското првенство во сноуборд.
Се одржува во градчето Langsgraaf на тромеѓето Холандија,
Германија и Белгија. Натпреварот ќе се одржи утре,
петок 13 Окт 2006 во затворената сала, најголема
во Холандија SNOWWORLD. До мене седат Александар
Кацарски (нашиот представника) и Рок Фландер (фаворитот
од Словенија)
>>клик
за кратко видео

Александар Кацарски (Мк) и
Рок Фландер (Сло)
xmkd:
Рок што очекуваш утре на натпреватов?
Рок Фландер: Па се надевам дека ќе успеам да влезам
во први 8, нема да биде лесно со оглед на тоа што
тука настапуваат сите најдобри од цел свет.
xmkd: Значи утре ќе гледаме како ќе ги растресеш
првите 8 швајцарци?
Рок Фландер: Да да :) се надевам на тоа.
xmkd: Какви се условите во салата? Малку чудно за
разлика од отворени терени..
Рок Фландер: Да, малку е чудно, клаустрофобично
и се, но подлогата е совршена.
xmkd: Што мислиш за нашиот Кацар?
Рок Фландер: Па го пратам од година во година, јас
сум во овој спорт веќе 15 години. Има огромен напредок
и шанси да ја оствари својата цел. Одличен натпреварувач
со големи очекувања. Но треба едно да се знае, големи
работи не доаѓаат туку така, за нив мора да се работи
со години :)
xmkd: Кацар како се осеќаш за утрешната трка?
Кацар: па до пред година дена чуствував нервоза
пред старт на вакви големи трки. Оваа година сум
опуштен и знам дека нема што да изгубам, може само
да добијам :)
xmkd: Како е твојата ситуација и подршка од Македонија
во споредба со останатите натпреварувачи?
Кацар: Па како прво сум дојден сам со кола, возам
4000км за да извозам една трка, имам среќа дека
ме води словенечкиот тренер Томаш Берник бидејќи
ми стана пријател со тек на време. Во основа сум
сам. Вежбам и живеам со словенците. Од Македонија
имам исклучително мал буџет со кој тешко се справувам.
Додека сите натпреварувачи имаат цела екипа околу
нив, јас сум сам, па ќе видиме утре :)
xmkd: Фала дечки, со среќа утре!! |
__________________________________________
|
|
|
|
copyright © Xmkd.com 2004-2012
a division of XMKD.com
|
|
|
|