Skateboarding in Macedonia
Sk8MKD.com - Skateboarding in Macedonia

skateboarding
English VersionCan't read those crazy Macedonian letters?
skateboarding


Бесплатна е-пошта [email protected]:

Корисничко име:

Лозинка:


Нов Корисник?

Зачлени се!

#Sk8MKD on UNDERNET!

Анкета
Кое ви е омилено место за возење скејт во Скопје?

Кеј под камениот мост.
Спменикот на мајка Тереза.
Влае.
Пошта.
Споменик „Гоце Делчев“.
Г.Т.Ц.
М.Н.Т.
Пред олимписки базен.
Аеродром
Трготекстил
Мавровка
Жена Парк
Време:
Повеќе...

Google
skateboarding
): Статии | Скејт во МК | Места за возење | Скејтери | Екстра | Дискусии | Контактskateboarding
Sk8MKD.com - Skateboarding in MacedoniaДизајн:TeamWDS.comskateboarding

Со гордост направено во Македонија


CETNIKS
>> Статии: Архива | Игри | Видеа | Весници | Писма | Перо-Колумна | Останато 
>>> Останато: Белград 2003 | ПендрекМаг | History of Skateboarding | Vans Showdown 2006 | WHAT THE FUCK???

WHAT THE FUCK??? (Revisited)

-петок, септември 15, 2006
[Quote]
Приметувам у последно време скејт сценава малце умре. На кеј многу стана монотоно, онака нема жар, нема дремење до касно као порано, немa заебанции, го нема истото дружење.
Онака некако се сите поделени, ги нема постариве фаци, некако е тапа атмосфера. Незнам.... може и грешам, баш сакам да остави некој коментар да видам дали само ја така се чувствувам??!!??
pero live to skate, skate to live
[quote] Реф.: http://skirol.blogspot.com/2006/09/what-fuck.html

Темава што одлично ја постави Перо и ни ги размрда мозоциите малце, мислам дека не ја обработивме целосно, многу прашања останаа неодговорени, „пошто сме мала сцена не би било убаво да се крие нешто што треба јавно да се каже...“ На крајот не откривме што е проблемот. Само се утешивме дека ќе биде подобро. Како и да е, тоа зависи од сите нас.

Јас во постов сакам искрено да го кажам мојот став и мислење кои се последица на подолгорочно посматрање на сцената, ставовите и меѓусебните односи на луѓето кои ја прават. Па кој како ги свати тоа е негова работа.

Значи зошто во последно време сцената е тапа и заебана, луѓето се поделени, не e како порано, многу полека се развива?.?..

Затоа што има скејтери кои сите знаеме кои се, а и самите они, за кои триковите се поважни од луѓето што ги прават, за кои е поважно да се биде подобар скејтер отколку подобар другар. За кои е најважно да се биде најдобар и да се гази све живо пред себе за да се стигне до врвот. Зашто има љубомора кога другиот ќе направи подобар трик. Има серење, навредливо заебавање и понижување на оние кои не се толку добри. Затоа што еден е позер за друг, другиот е шабан за некој трет, третиот незнам што за незнам кој, и така натака... И демек никој нетреба да се љути и да се навреди од таквите заебанции демек сите сме другари и се заебаваме меѓу себе. Ама поделбата на сцената покажува дека не е така. Затоа што се фура некој андерграунд филм, дека скејтбордингот е нешто повеќе, дека скејтерите се нешто повеќе од другите луѓе, дека го фатиле господ за муда со тоа што ќе направат некој трик. А тие што највише се фураат на тој андерграунд се најголемите позери кои пазат што ќе облечат, која скејт фирма ќе ја носат на себе. А ја носат онаа фирма која највеќе им ги испрала мозоците со скејт-видеата кои секојдневно ги гледаат. Затоа што скејтбордингот не е само екстремен спорт. Затоа што постојатправи скејтери и фејк скејтери. Затоа што се секогаш несфатени, секогаш некој им е крив за нешто и лути му се на цел свет. И затоа наоѓаат некој на кој ќе ја испукаат својата фрустрација и со тоа ќе си се чуствуваат подобро во себе. Ви изгледа познато ова од некаде? Јас неќам да сум дел од тој свет. И за мене скејтбордингот е начин на живот, ама не таков каков што ми налага скејт индустријата, туку таков каков што сакам јас. Не викам дека и мене не ми е испран мозокот од тие влијанија, тешко е да останеш имун пошто се прејаки. И за мене скејтбордингот е нешто повеќе, но не толку повеќе за да забораам што е другарство и единствена цел да ми е да бидам најдобар. Затоа кога ќе излезеш да возиш следниот пат запрашај се дали е тоа заради видеото што си го гледал пред малце, или возиш за себе, заради дружбата или не е важно? Врвот е осамено место и од начинот на кој што си стигнал до таму зависи дали можеш да се вратиш назад и како. Нормално ако сакаш да имаш другари. Ако ти е убаво така осамен на врвот, седи си таму.

Сценава е таква каква што е затоа што скејтерите кои ја ствараат се такви. Порано на кеј имаше повеќе дружење затоа што повеќето од скејтерите што ја ствараа сцената беа океј односно добри, првенствено како луѓе, а после како скејтери. Не беше најважно кој е најдобар. И баш поради тоа негативните ставови и влијанија на поединци неможеа даја растурат сцената. Сега очигледно е обратно.

_____________________________

 

 
skateboarding

copyright © Sk8MKD.com 1999-2008
a division of XMKD.com