SNOWBOARDING in Macedonia
SNOWBOARDING in Macedonia

skateboarding

Што преферираш повеќе?
Градска џунгла.
Планински венец.
Снежна покривка.

Време:
Скопје
Кликни за повеќе...
Охрид
Кликни за повеќе...
Повеќе...

Google

 

skateboarding

skateboarding

SNOWBOARDING in Macedoniaskateboarding

CETNIKS



> Инфо: Како започнавме.. /

Како започнавме?

Еве се како започна.

Пред четири години во Скопје почна по интезивно да се вози Mountain Bike со што секоја недела се повише и повише се собиравме.На самиот почеток бевме пет возачи. По извесен период таа бројка се зголеми. Препуштени сами на себе почнавме да скокаме скали, ѕидчиња и некои такви тумби и скокчиња што не ни беше некаков пробле.Но откако се зголеми бројката на возачи почна и поагресивно да се вози на пример како што рипавме по три до четири скали се зголеми на девет десет скали.

Пред две години бројката на возачи се зголеми на приближно дваесет и пет со што се прошири групата на луди возачи. Во оваа група на возачи има од сите гранки значи има trial,urban & down hill. Помеѓу сите има некаков натпреварувачки дух со помош на кој сите глеаме еден од друг кој како и што направил и гледаме да бидеме оден со друг на еднакво ниво, но за жал неможе секој да биде како некој друг.

Таа работа е добра бидејки сите се клик за поголема сликадобри возачи и се натпреваруваме со нашите способности кој колку може и кој колку може да научи од некој друг. Иако постои тој дух сите си имаат свој стил дали тоа е агресивна вожња или некој е посмирен или некој помеко слетува од скок и многу други ситници што не двојат еден од друг. Во Скопје нај популаризиран е Урбанот и трајалот бидејки е нај занимлув за лугето од стана и за самите нас бидејки интересно е да гледаш како некој прави некоја финта, како се врти 180 степени или слично.

Засега се самофинансираме бидејки уште чекаме да ни ги одобрат документите од суд за основање на клуб и со помош на тој клуб сакаме да допринесеме за спортов. Основачи на клубот се: Лазе, Панта, Џоле и Вештер иначе клубот ќе ни се вика “Evil Bikers Team Skopje” или скратено EBTS. Возачи во Скопје сме доста а меѓу нив се: Вики, Даниел, Вештер, Лазе, Брус, Даре, Млаџо, Мартин, Иван, Коста, Вини и многу други кои се заразени од бајкерската манија.

За возниот парк може да се каже дека го нема бидејки немаме каде да возиме односно мораме да бараме места каде што има скокчиња , ѕидови, препреки и слично за да можеме да пробаме некоја финта. Како и обично не бркаат од секое место бидејки наводно сме ги кршеле плочките, сме ги кршеле клупите и ред други работи ама што да правиме кога такви ни се можностите.

За делови за точаците се снаоѓаме од клик за поголема сликасегде, крпиме купуваме по еден дел во три месеци, а за тој период си скршил друг и неможеме да се ослониме да правиме некои скокови или финти бидејки немаме соодветни делови, зашто е ризично да не се искрши некој како што не треба. Кога сме кај повредите засега нема некакви поголеми повреди, а на пример рани или конци или некои такви повреди се ништо бидејки цело време паметот ти е во тоа што си замислил денес да рипнеш или да направиш некаква финта и така да се заборава на болката.

Засега си ги дозволуваме оние работи до каде ни се финансиските можности, бидејки е скап спорт и си бара малце повише кеш, и затоа се вози во нормални граници бидејки тоа ни преставува проблем. А пак кај down hill е сосема различно бедејки таму е потребна појака опрема и Full Suspension бајк односно бајк со два емортизера. За опрема треба Full Face кацига, задолжително оклоп и штитници за колена и цеваници бидејки тука се работи за голема брзина по нерамен терен и сл.

За разлика од урбанот каде што тежината на бајкот е дупло поголема има и потреба од поголем од на виљушката напред појаки кочници и многу други разлики. Исто така и кај down hill -от проблем се стазите бидејки кај нас нема таква стаза. Стаза за down hill треба да има технички дел после брзински дел каде што стазата има ширина од 8 метра задолжително има два то три скока , ова е според правила иначе нема потреба од толку да е направена стазата за тренинг ама што да се прави кога ја нема и таа па мораме да бараме стази на Водно, Маврово, Солунска глава што ни стана традиционално возење секоја година по три пати во годината и на други планински места.

Поздрав и за сега е се од нас за други информации понатаму.

Вештер
_________________________________

skateboarding

copyright © Xmkd.com 2008
a division of XMKD.com