Постојат
неколку мерки за претпазливост чија употреба значајно
придонесува да се намалат повредите при возење
сноуборд или скии...
- Кондиција
Биди сигурен дека си доволно раздвижен и имаш
довлоно кондиција за да возиш сноуборд. Припреми
се за зимската сезона со кондициони тренинзи (качување
на водно, возење скејт, бајк, трчање било што
што ќе ти ја подобри кондицијата во генерала)
за да ја подобриш основната стабилност и сила
за на снегот. Силата и издржливоста на нозете
играат огромна улога во безбедноста во овој спорт
и се особено важни за спречување повреди. (сте
приметиле дека најчесто се повредувате при крајот
на денот кога веќе сте исоштени и не ве држат
нозете)
- Загревање
Како и во секој спорт, пред да се се пуштиш прват
одвои неколку минути за разгибавање и загревање
на мускулите за да му помогнеш на твоето тело
да се спреми за активноста која следи. Јасно е
дека кога ќе стигнеш на снегот, ќе се качиш на
жичара, последна работа што ти е на памет е да
„губиш време“ на разгибавање ама наше е да кажеме,
твое е дали ќе го правиш:)
- Облека
Носете соодветна облека, слоеви облека (долна
маичка, маичка по кратки ракави, блузон, одело,
јакна) кои не ти го ограничуваат движењето на
телото во било кој поглед. А да, секогаш носи
спортски гаќи (стегнати) за да не добиеш кила:).
Исто така треба да се обрати големо внимамние
на надворешниот дел од облеката тој да биде не
пропустлив на вода од надвор а да дозволува да
дише телото и да испарува потта. Тоа го нудат
поголемиот дел од денешните професионални сноуборд
парчиња облека. Скапи се но се исплати и прават
разлика дали денот на сноубординг ќе ти помине
во малтретирање и измрзнатини или вистинско уживање.
- Штитници за зглобови
Бидејќи повреда број 1 во светот на сноубордингот
е повредата на зглобовите на рацете, сноубордерите
би требало да си носат штитници за овие делови
од телото кои можат да се набават одделно а често
се вградени и во самите ракавици.
- Кацига
Кацигите се ефикасен начин за заштита на главата
од удари при пад со сноуборд. Исто така се згодни
за на скилифт ако имаш навика да чекаш ред под
котвите :). Секој што вози сноуборд треба да носи
кацига.
- Друга опрема
Не позајмувај опрема од другари, позајмената опрема
значајно го зголемува ризикот за повреда бидејќи
многу е важно опремата да ти е точна. Ако имаш
луфта во било кој дел од опремата не само што
ризикуваш повреда туку и самото возење ќе ти биде
отежнато, повеќе ќе ти се напрегаат и истегаат
мускулите, едноставно нема полошо од например
поголем број кондури... а да не збориме за везови
и друго... Кога изнајмуваш опрема осигурај се
дека изнајмуваш од овластен изнајмувач и дека
ти е точна.
- Везови
Супериорните начини на врзување и одврзување на
везовите значајно придонесуваат во заштита од
повреди на нозете. Тестирај ги везовите секој
ден, тестот е лесен: Стави ја ногата во везот
и виктај ја напред-назад, лево-десно да видиш
колку ти се витка ногата пред да се дигне и даската,
дали ти се одлепува петата или прстите при навалувањето
и сл. Ако воочиш некој од овие проблеми, затегни,
подеси, пробај пак...
- Генерално однесување
Прочитај и следи ги одредбите на ФИС за однесување
на стаза и сл. при практикување на овој спорт.
FIS
Rules for Conduct
За повеќе информации околу повредите кои може
да се здобијат на сноуборд посетете го сајтот
PhysioRoom.com
Мислете и на безбедноста на другите скијачи/сноубордери
околу вас! (не се улетувајте ако има гужва на
стазата и сл.) |