 |
|

 |
 

|
КАКО
ДА ЈА ДОТЕРАШ ДАСКАТА? |
При
дотерувањето на твојата даска треба да се пази
на неколку работи од практична гледна точка за
да не се направи дополнителна штета на истата.
Вежбај колку што можеш повеќе на постари даски
додека не го добиеш осетот. Кога ќе ги совладаш
следниве вештини оди и земи им ги парите на другарите
затоа што „перфекно си им ја средил даската“!:)
 |
Не
треба да си гение за да знаеш дека добро дотераната
даска ќе лизга подобро од старата даска. Прицврсти
ја добро, бидејќи ќе треба да работиш на неа.
Од алатки ти требаат: алатка за оштрење на ивиците
на даската (кантовите), високо-квалитетен восок
(по избор) за сноуборд за сите температури, сунѓер
за размачкување и пластичен симнувач на восокот
по нашки наречен шпакла. Оштрењето на ивиците
овозможува подобро свртување (свиоци) и сигурност
на заледени површини. Пред оштрењето се отстранува
р'ѓата и другите наслаги од ивиците со фина шмиргла
и потоа оштрењето се изведува рамномерно од носот
кон опашката со алатката за оштрење ивици. Кога
ивиците ќе блеснат со стариот сјај си завршил
со оштрењето!
 |
Пред
да почнеш да ја мачкаш даската избриши ја убаво
со чиста сува крпа. Нанеси го восокот со сунѓерот
на активната лизгачка површина од даската внимателно.
(носот и опашката на даската не се од некое големо
значење) Потоа размачкај го восокот рамномерно
по целата површина. Вишоците на восок изгреби
ги со шпаклата.
После овие едноставни зафати можеш да очекуваш
побрза и посигурна даска. Поекстремните тјунери
можат и да земат едно парче фина шмиргла и да
ги оддотераат ивиците на носот и опашката за подобри
транзиции при возењето.
Уживанција!
|
Од:
Филип Матески |
|
|
|
copyright © Xmkd.com 2004-2012
a division of XMKD.com
|
|
|
|