|

Can't
read those crazy macedonian letters
|
Архива
на email пораки од наши посетители
|
|
|

Совети
од специјалистот др. К. Матов
|

Прочитај повеќе за нашиот
најстар нуркачки клуб во Македонија
КОРАЛИ
|
|
Опрема
за нуркање - што му е потребно на еден нуркач
Опрема
за нуркање со апарати (scuba)
-
Шишиња под притисок
- Регулатор
- Алтернативен
извор на воздух
- Мерач
за притисок
- Апарат
за контрола на пловноста (B.C.D.)
назад
/ напред
Шишиња
(Боци) под притисок
Шишето
под притисок му овозможува на нуркачот да
носи резерва на воздух за дишење под вода.
Цилиндарот е направен од челик или од алуминиум
и механизам за регулирање на протекот на воздух
(гас).
Цилиндарот
од метал под притисок е отворен само од една
страна каде што има монтирано така наречен
врат и има навртен вентил. Генерално сите
шишиња имаат работен притисок од 232атм но
во праксата не се полнат повеќе од 200атм.
Кај
вентилите се разликуваат два различни отвора,
односно два стандарди: INT и DIN |
|
Регулатор
Регулаторот
е оној дел од опремата која му овозможува
на нуркачот да дише под вода. Односно доставува
воздух до нуркачот по амбиентален притисок.
Денеска регулаторите кои се на продажба се
дво-степени регулатори додека постарите модели
беа едно-степени.
Дво-степените
регулатори имаат прв степен кој го редуцира
притисокот на гасот (воздухот) кој доаѓа од
цилиндарот до амбиентален притисок плус меѓу
притисок додека вториот степен на регулаторот
(од каде што се дише) го редуцира меѓу притисокот
до чист амбиентален притисок. |
 |
Алтернативен
извор на воздух
Заедно
со главниот регулатор се советува да се користи
алтернативен извор на воздух за да се овозможи
безбедно нуркање. Овој дел на опрема се носи
и се користи во случај главниот регулатор
да престане да работи. Се разликуваат повеќе
видови на ваков извор на воздух:
-
(Octopus) или
втор степен:
Се
фиксира за првиот степен во портот за низок
притисок означен секогаш со LP. Секогаш има
подолго црево од нормалниот втор степен. Исто
така се разликува по боја. Најобично е жолт.
-
Алтернативен регулатор
-
Инфлатор од елек (BCD)
-
Независен извор на воздух |
 |
Мерач
за притисок Мерачот
за притисок е поврзан преку црево во порот за висок
притисок на првиот степен на регулаторот оѕначен
со HP. Дава моментално одчитување на притисокот
во цилиндарот односно количеството на преостанатиот
воздух.
Апарат
за контрола на пловноста (B.C.D.)
Елекот
за контрола на пловноста е така конструиран
да во секој момент и на секоја длабочина ја
задржи неутралната пловност на нуркачот. Со
празнење и полнење на елекот со возду од цилиндарот
под притисок нуркачот може да стане позитивно
пловен како и негативно пловен во секое време
и на секоја длабочина.
Се
поврзува со цилиндарот преку црево кое го
поврзува инфлаторот на елекот со портот за
низок притисок на првиот степен на регулаторот.
Елекот
се користи исто така за лесно пловење на површината. |
 |
горе |
|
|
|
copyright
© dive.xmkd.com 2003-2004
a division of XMKD.com |