|
Can't
read those crazy macedonian letters
|
Архива
на email пораки од наши посетители
|
|
|
Совети
од специјалистот др. К. Матов
|
Прочитај повеќе за нашиот
најстар нуркачки клуб во Македонија
КОРАЛИ
|
|
Пула,
Хрватска 2 - 6 ноември 2003
курс
за инструктори организиран од
UDI & CMAS Germany
Се
беше испланирано совршено. Саша не извести дека
во ноември месец ке има курс за инструктор * односно
инструктор прва категорија. Јас и Бојан членови
и асистенти инструктори од клубот Корали тргнавме
кон Пула. Курсот започна веднаш по пристигнувањето,
бидејќи нормално ние касневме еден ден :) менталитетот
е тој нема бегање..
Почнавме
со вежби кои на почеток ни изгледаа смешни и многу
лесни за да сватиме дека тие вежби ни ги бараат
во демонстрационен карактер и квалитет. Курсот
го изведуваа 3 инструктори од кои двајца беа course
direktors односно 4та звезда инструктори а третиот
беше 2* инструктор кој пак напредуваше во 3* инструктор.
Секој
ден од сабајле 8am до касно попладне бевме во
вода и покрај тоа што надвор беше многу ладно
(ноември месец). Имаше вежби од најразличен карактер.
Од наједноставни како празнење маска, регулатор,
пловност, братско итн па се до симулации на несреќи
при нуркање и организирање на спасувачки тим и
реанимација на удавен нуркач. Имаше исто така
длабинско и ноќно нуркање каде пресудно беше ние
да се грижиме за инструкторите како они да се
почетници уплашени со непредвидливи реакции. Вежбите
за навигација беа организирани на најтежок можен
начин.
Најтешки вежби односно оние кои пресудуваат дали
ти си зрел за инструктор беа кондиционите. Требаше
да пливаме километар со полна опрема (боци, олова,
одела, регулатори, маски, нож итн) но при тоа
дишејќи само на snorkel. Потоа исто толку без
боца па нуркање со еден здив најмалку 50м во далечина
(една олимписка должина), задржување на здивот
најмалку една минута под вода со опрема итн..
Се
течеше совршено, курсот го завршивме и се стекнавме
со категоријата инструктори 1*. Едниот од инструкторите
се покажа посебно фер при изведувањето на теоретските
работи и испити. Рефератите кои ги пишувавме поминаа
одлично (постоеше мал јаз бидејќи само германски
можевме да се разбираме со нив).
наскоро
ке можете да ја погледате и најновата галерија
од курсот со фотографии на суво и под вода како
и филмовите кои ги снимавме при курсот
|
|
|
|
copyright
© dive.xmkd.com 2003-2004
a division of XMKD.com |