|
Archive
emails and messages from our visitors
|
|
|

Read more about our scuba
diving club KORALI
|


|
SCUBA
DIVING EQUIPMENT
what a diver needs
Basic
equipment (apnoe)
-
Mask
- Snorkel
- Weights
- Fins
- Suit
- Gloves and socks
back
/ forward
Mask
maska
Со цел да се овозможи поголема
видливост под вода, се носи маска. Со самото носење
на маската се добива воздушен простор помеѓу очите
и водата а со тоа набљудуваните објекти можат
правилно да се фокусираат.

Маската
се состои од:
Леќи кои се направени од високо
издржливо калено стакло.
Мек дел за лице кој е направен од силикон или
гума кој овозможува добро да ја блокира водата
од влегување и добро да го обиколи носот.
Ластик кој овозможува прицврстување на маската
за лицето.
За
правилно да се избере маска треба да се прилепи
(на суво) маската на лицето, без да се стави ластикот,
да се вовлече благо воздух преку носот. Ако се
прилепи маската убаво на лицето таа е правата
за вас.
Snorkel
Овозможува
слободно дишење на поворшина додека главата
е во вода. Составена е од два дела. Цевка
која е направена од потврда пластика и дел
за уста кој е направен од силикон или гума.
За
да се препознае полесно нуркач во вода,
се советува горниот дел на цевката да биде
во друга боја (црвена, жолта)
|
|
Weight
belt
За
да се постигне неутрална пловност нуркачот
е потребно да носи појас на кој може да
се додава или да се одзема тежина. Исто
така појасот треба да има тока која лесно
може да се отвори при итна ситуација. |
|
Finns
Пераите
се корисен дел од нуркачката опрема кои
овозможуваат на нуркачот лесно и ефикасно
да се движи под вода. Ги има во различни
големини, должини и модели.
Изработени
се од гума или друг синтетички материјал,
со отворено стопало или затворено. Се избираат
во зависност на типот на нуркање. За нуркање
на здив се користат подолги и по тесни додека
за нуркање со апарати се користат од средна
должина и поширока перка. |
 |
Suit
Оделата
се заштитна облека кои што помагаат да се
намали термалното изложување на телото.
Ова мора поради големата абсопција на топлина
на водата (25 пати поголема од таа на воздухот).
Мокрите одела се направени од силиконскиот
материјал неопрен со различна дебелина (од
1.5 до 8мм).
На
пазарот ги има или едноделни со или без
капа или пак дводелни со или без патент.
Кога
се одбира одело најважно е да не се формираат
воздушни џебови меѓу телото и оделото бидејќи
тие ке ја намалат термичката заштита на
оделото. |
 |
Gloves
and socks
Ракавиците
и чорапите се носат заедно со оделото бидејки
зглобовите се многу осетливи на ладни температури.
Ракавиците од неопрен овозможуваат добра заштита
и има различни типови и модели.
Чорапите
зависат од типот на пераите кои се користат. Од
најосновни неопренски 2-5мм па се до тие кои имаат
вградена патика со тврда газна подлога и се користат
за отворени пераи.
up
|
|
|
|
copyright
© dive.xmkd.com 2003-2004
a division of XMKD.com |