Вовед:
Xmkd.com е интернет портал посветен на екстремните
спортови во Македонија.
Неговата цел е промовирање и развој на овој вид
спортови преку информирање на заинтерисираните
за активностите, опремата и се што е потребно.
Тимот на Xmkd.com е сочинет од луѓе кои долго
се занимаваат со овие спортови, познавајќи ги
сите аспекти на истите.
Xmkd.com е создаден од екстремни спортисти за
екстремни спортисти!
Историја:
Започнат е како проект на дизајнерскиот тим на
TeamWDS.com,
кои и самите се занимаваат со екстремни спортови.
За потребите на порталот собран е тим од луѓе
од различни екстремни спортови кои активно спортуваат
и ги следат случувањата како на македонската така
и на светската сцена.
Тимот е отворен за нови членови за веќе опфатените
спортови, но и за нови спортови кои може да се
класифицираат во екстремни.