SNOWBOARDING in Macedonia
SNOWBOARDING in Macedonia

skateboarding
English Version coming soon...Can't read those crazy Macedonian letters?
skateboarding

Колку често возиш сноуборд во сезона?
Секој ден.
Еднаш неделно.
Еднаш месечно.
Поретко од еднаш месечно.
Снежна прогноза:
Шапка
Маврово
Крушево
Отешево
Боровец
Банско

Време:
Скопје
Кликни за повеќе...
Битола
Кликни за повеќе...
Охрид
Кликни за повеќе...
Прилеп
Кликни за повеќе...
Повеќе...

Google

 

skateboarding

skateboarding

SNOWBOARDING in Macedoniaskateboarding

CETNIKS



КАКО ДА ЈА ДОТЕРАШ ДАСКАТА?

При дотерувањето на твојата даска треба да се пази на неколку работи од практична гледна точка за да не се направи дополнителна штета на истата. Вежбај колку што можеш повеќе на постари даски додека не го добиеш осетот. Кога ќе ги совладаш следниве вештини оди и земи им ги парите на другарите затоа што „перфекно си им ја средил даската“!:)

Не треба да си гение за да знаеш дека добро дотераната даска ќе лизга подобро од старата даска. Прицврсти ја добро, бидејќи ќе треба да работиш на неа. Од алатки ти требаат: алатка за оштрење на ивиците на даската (кантовите), високо-квалитетен восок (по избор) за сноуборд за сите температури, сунѓер за размачкување и пластичен симнувач на восокот по нашки наречен шпакла. Оштрењето на ивиците овозможува подобро свртување (свиоци) и сигурност на заледени површини. Пред оштрењето се отстранува р'ѓата и другите наслаги од ивиците со фина шмиргла и потоа оштрењето се изведува рамномерно од носот кон опашката со алатката за оштрење ивици. Кога ивиците ќе блеснат со стариот сјај си завршил со оштрењето!

Пред да почнеш да ја мачкаш даската избриши ја убаво со чиста сува крпа. Нанеси го восокот со сунѓерот на активната лизгачка површина од даската внимателно. (носот и опашката на даската не се од некое големо значење) Потоа размачкај го восокот рамномерно по целата површина. Вишоците на восок изгреби ги со шпаклата.
После овие едноставни зафати можеш да очекуваш побрза и посигурна даска. Поекстремните тјунери можат и да земат едно парче фина шмиргла и да ги оддотераат ивиците на носот и опашката за подобри транзиции при возењето.
Уживанција!

Од: Филип Матески
skateboarding

copyright © Xmkd.com 2004-2012
a division of XMKD.com