Sk8MKD.com - Skateboarding in Macedonia

skateboarding


Форум
Дали се плашите од летање?
Да.
Не.
Не сум пробал/а.
Време:
Скопје
Кликни за повеќе...
Битола
Кликни за повеќе...
Охрид
Кликни за повеќе...
Прилеп
Кликни за повеќе...
Повеќе...
Google

skateboarding

skateboarding

Sk8MKD.com - Skateboarding in Macedoniaskateboarding

paragliding club Vertigo

paragliding club heliXC

Sponsored links:

Advertisers, click here to get listed!

VFM

Fйdйration Aйronautique Internationale

NVO INFO CENTAR

AEGEE

 
> Галерија: Ајватовци 08 Мај 2004 | Натпревари Бугарија, Србија Лето 2004 | Скопска Црна Гора + Ајватовце Сеш'н 24.04.05 | Втора лига натпревар на Крушево, Мај 2005 | Параглајдинг лига 2005 | Водно 04 Декември 2005 | Лига 2006 Лиљачица | Скијатос 2006 бај Алек


Скијатос - Август 2006

Сликиве се од скијатос, негде почеток на август. Бидејки никој друг во моментот не леташе (а кога се распрашав ми кажаа дека никој не ни летал таму до сега, но тоа не ми значи многу), морав сам да најдам погодно место за полетување и сигурно место за слетување. За таа цел имав изнајмено едно мало џипче и цел ден го поминав во истразување - сите неасфалтирани патишта ги поминав, за у 4 ипол да го најдам местото кај што полетав, и многу блиску, една прилично голема плажа со таверна - болје не може... полетувањето е малце зезнато, се гледа во сликите дека нема доволно место за глајдерот да се распостеле целосно...така како што го ставив потпрен на карпата, имаше доволно место да ги затегнам малце конците и веке да бидам на чекор од ивицата. Да имаше ветер ке беше многу лесно, класичен cliff launch, али бидејќи немаше направив глупост и се затрчав така - у провалија...мислам дека само мислев колку ќе биде добро кога ке летнам, а не колку лошо може да биде ако тоа не се случи - како и да е, све излезе супер и првото полетување беше одлично. Летањето беше уште подобро. Многу слаб ветер и лесна попладневна термика од карпите свртени кон запад беа супер за да се запознае местото, а чуството кога се лета со галеби е одлично.
Слетувањето беше сосема спротивно од полетувањето - не бараше никаква вештина бидејќи може едноставно да се одалечиш од обалата, да свртиш у ветер, и сигурно ке допреш земја во некој момент. Како школско слетување.
А може и да се слета одма до таверната, па се разбира на пиво.

Следниот ден имаше и малце повеќе ветер и направив 2 лета, без драматично полетување, но со слетување во вода. Од полетувањето до слетувањето нема плажа, бидејки планината завршува во вода, со карпи, имав избор да слетам во вода или на карпи. Претпочитам да сум мокар, наместо искршен, па слетав на метро од карпите, вода до колена.
Иако направив грешка со слетувањето на третиот лет, местото е одлично се додека има ветер, и може да биде супер за акро и сигурносен тренинг. Одма кај слетуванјето има и као езерце со слатка вода, така да таму го измив глајдерот и се исуши под сенка.

Поздрав до сите, Алек

WE ARE HERE!


skateboarding

© 2004- 2008 Xmkd.com