Sk8MKD.com - Skateboarding in Macedonia


Can't read those crazy macedonian letters

Дали имаш нуркачки цертификат?
Да.
Не.
Што е тоа?

Подводна фотографија избор:

кликни за голема


кликни за голема

предходни:
01, 02, 03, 04, 05, 06


Нуркачка опрема..
Што се му е потребно на еден нуркач?



Архива на email пораки од наши посетители


Нуркачкиот клуб на Охридското Езеро


кликни за повеќе




Совети од специјалистот др. К. Матов



KORALI

Прочитај повеќе за нашиот најстар нуркачки клуб во Македонија
КОРАЛИ



Sponsored links:

Advertisers, click here to get listed!

Kaneo Diving 

Опрема за нуркање - што му е потребно на еден нуркач

 

Основна опрема (нуркање на здив)

- Маска
- Цевка за дишење
- Појас со тежина
- Пераи
- Одело
- Ракавици и чорапи


      назад / напред

 

Маска maska

Со цел да се овозможи поголема видливост под вода, се носи маска. Со самото носење на маската се добива воздушен простор помеѓу очите и водата а со тоа набљудуваните објекти можат правилно да се фокусираат.

Маската се состои од:
Леќи кои се направени од високо издржливо калено стакло.
Мек дел за лице кој е направен од силикон или гума кој овозможува добро да ја блокира водата од влегување и добро да го обиколи носот.
Ластик кој овозможува прицврстување на маската за лицето.

За правилно да се избере маска треба да се прилепи (на суво) маската на лицето, без да се стави ластикот, да се вовлече благо воздух преку носот. Ако се прилепи маската убаво на лицето таа е правата за вас.


Цевка за дишење (Snorkel)

Овозможува слободно дишење на поворшина додека главата е во вода. Составена е од два дела. Цевка која е направена од потврда пластика и дел за уста кој е направен од силикон или гума.

За да се препознае полесно нуркач во вода, се советува горниот дел на цевката да биде во друга боја (црвена, жолта)



Појас со тежина

За да се постигне неутрална пловност нуркачот е потребно да носи појас на кој може да се додава или да се одзема тежина. Исто така појасот треба да има тока која лесно може да се отвори при итна ситуација.



Пераи

Пераите се корисен дел од нуркачката опрема кои овозможуваат на нуркачот лесно и ефикасно да се движи под вода. Ги има во различни големини, должини и модели.

Изработени се од гума или друг синтетички материјал, со отворено стопало или затворено. Се избираат во зависност на типот на нуркање. За нуркање на здив се користат подолги и по тесни додека за нуркање со апарати се користат од средна должина и поширока перка.


Одело

Оделата се заштитна облека кои што помагаат да се намали термалното изложување на телото. Ова мора поради големата абсопција на топлина на водата (25 пати поголема од таа на воздухот). Мокрите одела се направени од силиконскиот материјал неопрен со различна дебелина (од 1.5 до 8мм).

На пазарот ги има или едноделни со или без капа или пак дводелни со или без патент.

Кога се одбира одело најважно е да не се формираат воздушни џебови меѓу телото и оделото бидејќи тие ке ја намалат термичката заштита на оделото.


Ракавици и чорапи

Ракавиците и чорапите се носат заедно со оделото бидејки зглобовите се многу осетливи на ладни температури. Ракавиците од неопрен овозможуваат добра заштита и има различни типови и модели.

Чорапите зависат од типот на пераите кои се користат. Од најосновни неопренски 2-5мм па се до тие кои имаат вградена патика со тврда газна подлога и се користат за отворени пераи.

горе

 



copyright © dive.xmkd.com 2003-2004
a division of XMKD.com