Sk8MKD.com - Skateboarding in Macedonia


Can't read those crazy macedonian letters

Дали имаш нуркачки цертификат?
Да.
Не.
Што е тоа?

Подводна фотографија избор:

кликни за голема


кликни за голема

предходни:
01, 02, 03, 04, 05, 06


Нуркачка опрема..
Што се му е потребно на еден нуркач?



Архива на email пораки од наши посетители


Нуркачкиот клуб на Охридското Езеро


кликни за повеќе




Совети од специјалистот др. К. Матов



KORALI

Прочитај повеќе за нашиот најстар нуркачки клуб во Македонија
КОРАЛИ



Sponsored links:

Advertisers, click here to get listed!

Kaneo Diving 


Најчесто поставувани прашања


Што значи scuba?

Сакам да изнајмам нуркачка опрема?


Дали нуркањето е опасно?


Дали сум здрав за да нуркам?


Јас немам кондиција а сакам да нуркам?


Како да станам нуркач?


Што е CMAS?

Каде има CMAS во Македонија?


Сакам да нуркам ама сеуште несакам комплетен курс?


Јас кога нуркам многу ме болат ушите и мислам дека секој момент ќе ми експлодираат !?


 


Што значи scuba?

Scuba представува кратенка од зборовите: Self Containing Underwater Breathing Apparatus и во превод значи апарат за автономно дишење под вода.

горе

Сакам да изнајмам нуркачка опрема?

За да се изнајми опрема прво треба да се поседува сертификат од легитимна нуркачка организација (CMAS, PADI, SSI, ITD, NAUI) која воедно е доказ за квалификацијата на нуркачот.


CMAS нуркачки сертификат

горе

Дали нуркањето е опасно?

Нуркањето се вбројува во посебни спортови и бара беспрекорна дисциплина. Доколку се почитуваат најосновните принципи и правила нуркањето може да биде еден од највозбудливите спортови кои некогаш сте ги пробале.

горе

Дали сум здрав за да нуркам?

Здравствената состојба е многу важна за да може да се нурка. За таа цел постои медицински прашалник во писмена форма кој треба да се исполни пред да се нурка, во кој се наведени болести и повреди кои неодат заедно со нуркањето. Со самото пополнување на прашалникот ќе се види дали ќе ви биде дозволено да нуркате. За да бидете неспособни за нуркање треба да имате специфична здравствена состојба, односно болести и пореметувања кои се многу ретки.

горе

Јас немам кондиција а сакам да нуркам?

За да се нурка не е потребно да се има кондиција на олимиец, доволно е да се поднесува најлесна физичка работа (брзо одење, пливање 50м).

горе

Како да станам нуркач?

За да се стане нуркач треба да се земе почетен курс 1 ѕвезда кој представува најосновна теоретска и практична вежба. Со него се совладуваат најосновните принципи на нуркањето и ќе ве оспособи да се грижите сами за себе под вода. Со тоа добивате сертификат од светската подводна федерација CMAS кој е меѓународно признат и ви овозможува да нуркате насекаде во светот.

горе

Што е CMAS?

CMAS е светската подводна федерација во која членуваат сите земји во кои нуркањето има земено замав. Формирана е на 11 Јануари 1959 година во Монако на чело со Jacques Cousteau со цел да ги обедини нуркачите и да постави стандарди на нуркањето кои ќе се применуваат насекаде во светот. Обуката организирана преку CMAS е единствена и стандардизирана од сите официјални представници.

горе

Каде има CMAS во Македонија?

КОРАЛИ е официјален представник на CMAS за Македонија.

горе

Сакам да нуркам ама сеуште несакам комплетен курс?

Доколку сакате да го почувствувате подводниот свет а да не земете цел курс тогаш ви нудиме едночасовно искуство под вода - INTRO. Со тоа добивате скратена теоретска обука од професионално обучен CMAS инструктор, целосна опрема и единствено искуство во длабочините.

горе

Јас кога нуркам многу ме болат ушите и мислам дека секој момент ќе ми експлодираат !?

Секогаш кога се нурка треба да се внимава на притисокот кој за разлика од површинскиот е многу пати поголем и се зголемува право пропорцијално со длабочината. Ушите тоа го чувствуваат и затоа реагираат со бол. При секое нурнување, дали само со маска и пераи или пак со целосна опрема, притисокот во ушите треба да се изедначи со притисокот во водената средина. За тоа постои посебна вештина која се вежба пред да се почне со нуркање и подвода се применува цело време за да се избегне непријатното чувство во ушите.

горе



copyright © dive.xmkd.com 2003-2004
a division of XMKD.com