XMKD ForumВИДЕО ГАЛЕРИЈАЕ-маилГлупостиЗа Xmkd.comEnglish Version
 
acid wear
Velofest
alpinizam.org
plagij.at
paragliding club Vertigo
blog za skiroli
Skopje WiFi
SkopjeClubbing
Нека Xmkd.com биде моја почетна страна! Нека Xmkd.com биде една од моите омилени вебстрани!
       

 

 



  Испрати Новост
денеска е:
- СЕГА СТЕ ВО АРХИВАТА ЗА Ноември1 2006
xmkdplagijat Домаќинска свирка...
kultur shock
_____________________________________
xmkd Перо Флип на кеј.
клик за поголема слика

Перо Флип секвенца преку скалите на кеј... бај скирол.блогспот.ком / клик на сликата за поубаво да видиш...

_____________________________
xmkdplagijat Виза, ај батали!
kultur shock
Ќе се маршира, и тоа низ цел свет...

Имаме чест да Ве известиме дека на 9ти Ноември, Интернационалните младински организации AEGEE-Скопје и JEF Македонија, Унијата на Средношколци на Македонија, Младинскиот Образовен Форум, Балкан ИДЕА Скопје и Сојузот на Извидници на Македонија, ќе организираат масовна улична акција против визниoт систем воведен кон Република Македонија. Повеќе...
_____________________________________
xmkd Конечно! Три дизајни од серијата xmkd video inspired t-shirts

Готви се. Има XL и L. Сите се црни.
Цена исто ко и предходните: 500ден.
Сеа за сеа ќе ги нема во шопот пошто не мрзи да идеме до пошта цело време... Ако сака некој знае каде да се обрати :) А ако незнае нека пушти емаил.
Поздрав!
____________________________________
xmkd Клипчиња од натпреварот што беше во Софија...

Да, да.. тоа се две клипчиња од натпреварот што беше летово во Софија... Клик овде за едното а овде за другото... Лотс оф даунлоудинг!!

____________________________________

xmkdplagijat Kultur Shock на Таксират 8!
kultur shock
За Kultur Shock прв пат слушнав кога летово ни гостуваат откачените La Plebe. Патувајќи кон Штип, го утепавме од слушање нивниот последен албум. Сега конечно ќе можеме да ги погледнеме и во живо на осмото издание на Таксират! Еве и копи/пејст на тоа што Литиумци имаат да ни го кажат за овој бенд: Повеќе...
_____________________________________
xmkdplagijat Втор самостоен концерт на DFL (17.11.2006, МКЦ)
DFL
“Dedicated for life” се враќа на местото на злосторството.
Една година по промоцијата на првиот албум “By all means” и одличниот концерт во МКЦ, скопската death-metal петорка е подготвена повторно да освојува. Вториот самостoeн концертот на “Dedicated for life” е закажан на 17.11.2006 во МКЦ. Повеќе...
_____________________________________
xmkd Todd Skinner загина во Yosemite

Todd Skinner, еден од пионерите на фри клајмбингот во Америка, загина на 23 Октомври спуштајќи се од познатото клајмберско место Leaning Tower во Yosemite. Todd беше еден од најпродуктивните американски фри клајмбери со многу први искачувања на разни насоки низ целиот свет. Неговото искачување на El Capitan's Salathe Wall (VI 5.13b) во 1988 заедно со Paul Piana беше вистински шок за клајмберите низ целиот свет и ги отвори вратите на фри клајмбинг искачувањето на големи и стрмни насоки. Неговиот ентузијазам и радост кон овој спорт ќе недостасува на целата клајмберска заедница. http://www.toddskinner.com/

____________________________________

xmkdplagijat Плагиј.ат призентс: till во Кастро!!!
тилл
Тарамммммм... дојде време и за она нешто на што сме ептен горди што ќе го организираме.
Значи овака... Плагиј.ат со нескриено задоволство ви го најавува првиот од серијата концерти кои ќе ги организира во клубот Кастро. На 11.11.2006 (сабота) гостува одличниот новосадски бенд till. Повеќе...
_____________________________________
xmkdplagijat Трет сигурен учесник на Таксират 8 од Словенија
Elvis
Највеселата и најпознатата ска-панк-реге-метал “банда“ од секогаш братската Република Словенија “ELVIS JACKSON“ е трет потврден учесник на јубилејното осмо издание на Таксират Фестивалот! Бенд кој се одликува со експлозивен, спектакуларен, циркуски жив настап е нешто што не смее да се пропушти.

Значи да повториме : Iggy Pop & The Stooges, DJ Timo Maas, Elvis Jackson. Повеќе...
_____________________________________
xmkd Daewon Song - Thrasher’s 2006 Skater of the Year
SOTY 2006

Daewon Song ја заслужи престижната наградата скејтбординг гуру за 2006 година. Завчера беше избран за Trahser 2006 SOTY.
На нивниот сајт пишува:
Daewon ги претставува најдобрите работи од скејтбордингот... иновација, посветеност, прогрес, „лов“ на нови места за возење, и константен баланс на работ на лудилото наречено скејтбординг. Веќе преку 15 години Daewon не воодушевуваше со својот уникатен пристап кон триковите и стрит возењето, како и незаборавната мини-рамп вожња во Cheese and Crackers. Едноставно не покажува знаци на успорување на темпото со кое се внесува себеси во скејтбордингот. Има само неколкумина вистински легенди во скејтбордингот и уште помалку од нив констатно се подобруваат и после 10 години про кариера. Daewon е еден од нив. Неговата креативност во возењето е надмината само од неговиот великодушен и забавен став. Thrasher магазинот е горд што ја има можноста да го прогласи Daewon Song за скејтер на годината.

Честитки до Daewon!
_____________________________
xmkd Hubba Wheels Too Hard For MySpace...
Ха, ха се изгазив од смеење на постов на vanilla_cam од новиот сајт на HUBBA WHEELS. Нов затоа што ХУБА до сега имале сајт на Мајспејс.ком и им го банирале пошто ставале реклами од типот на оваа погоре и овие подоле. Еве што вика тој vanilla за бришењето:

"Yeah, that's right! We were deleted.... Tom or whoever the hell runs MySpace is scared of a titty. Are we going to make a new profile?? F#%K NO!! Would any of you really want to see a G-rated Hubba page? Didn't think so.... Anyway, it was fun while it lasted. Thanks to all the homies and lovely ladies...
WE'RE BACK BITCHES!!!"

Клик на тамбовите за поголема слика:
safari the original sin in hubba we bust hubba wheels 40D cushion calendar braydon bond
Има уште: http://www.hubbawheels.com/ads.htm
И што ќе речете сега за злоупотребата на женското тело за „повисоки" цели?
_____________________________
xmkd Bob Burnquist ја направи првата МЕГАРАМП структура за стално!
Првата перманентна мегарампа...

The New York Times објави солиден профил на најновата играчка на Боб Б'рнквист, чичка новиот МЕГАРАМП лоциран во неговиот комлекс во Виста. Изградбата го чинела 280.000 долари и моментално претставува единствениот перманентен мегарамп во светот.

Долг е околу 110 метри, висок околу 23 метри. 23 метри е висината од кај што се пушташ надоле низ 55 метри долг рол-ин кој те лансира преку гап од 21 метар со мрежа доле за секој случај :). Слетувањето е на надолнина од 8 ипол метри која што после преминува во квотерпајп висок 10 метри кој те фрла на висина од 15 метри над земјата. Ух.. Има и пократок дел кој почнува со платформа висока 16 метри па преку гап дугачок 15 метри и се спојува со квотерпајпот.

Во профилот на мегарампата на New York Times идат во детали за животот и кариерата на Боб. Сторијата вклучува видео клип и детална графика од конструкцијата на мегарампата. Повеќе...

_____________________________
xmkd XMKD.com is not a porn site, Vividalt.com is.
klik za vivida
Се чудевме зошто посетеноста на сајтов дупло се зголеми во последниве два месеци... Од август па навака почнал да работи сајтот vividalt.com како сајт на алтернативната порно гранка VividAlt на веќе етаблираната порно продукција Vivid и забележува огромна популарност кај порно фановите кои неуморно бараат нови и нови сајтови со слична содржина. Kо да имавме некој хинт дека порно споено со алтернативна скејт-панк-џанк култура ќе се покаже како ултра популарна комбинација и убаво уште одамна си кажавме: XMKD не е проно сајт. :) Е сега може да додаеме Vividalt.com is, и веднаш да ги разрешиме дилемите на случајните минувачи... Фала на он.нет што ни ја разјасни мистеријата околу зголемената посетеност на сајтов :)
_____________________________________
xmkdplagijat Кој ќе биде најголемиот лузер?
Познати се учесниците за овогодинешното издание на ЛУЗЕР ФЕСТ, кој ќе се одржи на 24.11.2006 во МКЦ. Во конкуренција од 42 демо групи од Македонија и балканот избрани се следните 8:
FIST - Скопје
Fun House - Скопје
Victim Yield - Куманово
Arcanum - Кочани
Sina Mena - Скопје
Inhibit - Прилеп
Storm - Скопје
Post Scriptum - Бања Лука//БиХ
Најдобриот ЛУЗЕР ќе издаде албум за Литиум Рекордс.
_____________________________________
xmkdplagijat ДРУМ Турнејата продолжува!!!
Овој месец РОБОТЕК ќе го промовира своето ново издание “МИНИ” во 10 градови низ Македонија во склоп на ДРУМ (тотална Рексонатизација) турнејата.
Распоредот на настапи е следен:
02.11 Виница – клуб Ефект
03.11 Штип – Дом на млади
04.11 Велес – Клуб Ноктурно
05.11 Кочани -
11.11 Струга - клуб Калабалак
12.11 Охрид –
16.11 Кичево –клуб Анастасија
17.11 Кавадарци – клуб Урбан Хероес
18.11 Тетово – клуб Рок Кафе
19.11 Прилеп – клуб Апореа
На оваа турнеа заедно со Роботек ќе настапува и ДЈ Александар Гавровски.
Концерт во вашиот град. Дојдете и уживајте!
РОБОТЕК
Кога зборуваме за македонската електронска музика едноставно неможеме да го заобиколиме Роботек. Зад ова име стои Горан Атанасовски, човек кој подолго време професионално се занимава со звук. Сепак, она што тој најдобро го работи, дефинитивно е неговата авторска музика. На сцената е присутен од 1999 година кога и дебитираше со песната Веселиот Радио-касетофон издадена на компилацијата Мацидониа Цласс Оф 999 за ПМГ Рекордингс. Во 2004та година, за истата издавачкa
куќа го издаде и својот деби-албум едноставно наречен Роботек. Неговата музика е секогаш во тек со најновите светски случувања, а продукцијата веројатно е неговото најсилно оружје. Кога на ова ќе се додадат и прекрасните, неретко генијални музички решенија ја добиваме целосната слика за овој екстра-ординарен музичар. Неговиот нов, втор по ред албум Мини веќе е во продавниците, а на него се смсетени 8 нови прекрасни парчиња музика.
ДЈ Александар Гавровски
Александар Гавровски е дел од ПМГ Колективот. Како радио диџеј работи повеќе од десет години, а во последниве две можете да го слушнете и како пушта музика во диско=клубови. Неговиот сет е секогаш свеж, разноличен и често со акцент на македонската музика. Работи и во музичкото радио Канал 103.

_____________________________________

xmkdplagijat Плагиј.ат слушалка #5 + Till промо CD
Новиот Почеток
Првиот ден од ноември е резервиран за уште една Плагиј.ат слушалка. Стандардно.. локацијата е Шуш Буш, а почетокот на слушалката е закажан за 21 часот. Нестандардно.. сите оние кои ги интересира како звучи Till, одличниот новосадски бенд кој на 11.11. во организација на Плагиј.ат кру ќе настапи во клубот Кастро.. нека не се срамат и нека си побараат промо CD.
Дојдете порано.. CD-та се во ограничена количина..
Кај е Шуш Буш? Одма до Љубов.. булевар Партизански одреди 17/1.

Плагиј.ат слушалка #5 + Till промо CD
Место: Шуш Буш
Датум: 01.11.2006
Почеток: 21.00
_____________________________________
xmkd Осетот на денот - sk8boarding life видео клип бај xmkd.com
клик за да го осетиш денот

Мрмо: Што ќе изјавите за оваа незгодна ситуација помеѓу, службените лица на Стопанска Банка и, и тоа..?
Зифи: Станав сеа, отидов на возење и првата дешавка уште не напраив ниеден трик се џандар фрли. Тоа ти е Скопје сеа шо ќе праиш. И тоа, стреет скејт... мрмрммрм.. мене ми напраи мерак тоа, ама нема врска, сеа ќе идам ќе се возам...
Мрмо: Што мислиш дали другарите ќе те подржаа ако дојдеше до директен сукоб помеѓу тебе и службеното лице?
Зифи: Па незнам сеа, стопосто неколку да, ама неколку и не, сеа другари се другари ама не се знае...
Мрмо: Еве ја искрено можам да кажам дека би удрил една клоца ако некој го собори :)
Зифи: Па ја од тебе ќе го чекав тоа... :) од другите.. не знам (смеење)
Мрмо: (смеење)
Зифи: Ама сеа јеби га, тоа е скејт, скејт форевер... ...перо скрши прееска носот, ја се спукав, мрмо снимаше... денот е закон. ова е осетот на денот. ако вака ќе продужи денот, ќе живеам до утре. тоа е најубавото... Повеќе...
п.с. Големо фала до Новиот Почеток - најскејтерскиот бенд во МК. :-)

_____________________________
xmkd Втората HEDONSKATE роденденска забава...

Втората HEDONSKATE роденденска забава ќе се одржи на 04.11.2006. Повеќе инфо овде.

____________________________________

xmkdplagijat Point Blank во Вега
Новиот Почеток
Додека интензивно работат на усовршување на песните за новиот албум, мелодичната рок петорка Поинт бленк (Point Blank) оваа сабота, на 04.11.2006. година, ќе не почестат со жешка жива музика. Во клубот „Вега“, момците ќе презентираат материјал кој треба да биде сместен на нивниот нов, втор албум кој ќе почнат да го снимаат кон крајот на месец ноември. Повторно ќе работат со проверениот продуцент Евгениј Каревски – Гени кој работеше заедно со нив и на првиот албум “Dirty Queen“.
Повеќе...
_____________________________________
xmkd Сакам променаааааааааа..... - уше еден бејс џамп клип....
don't be afraid. click this picture.
Не ви дошло некад да се џитнете вака од зграда? Мене не :-) Што ли си мисли овој на сликава у моментов. Он така, а ние десен клик па сејв таргет ес. Ах... Секој со својот избор. Луди се бејс џампериве жими сфе.
п.с. Бажо, фала за клипот... ;)
________________________________________
xmkdplagijat Почеток на нови емоции!
Новиот Почеток
Долго време ми требаше за да ги средам сите мисли и впечатоци од оваа свирка, а богами ни требаше време и да ги средиме клиповите кои ги имате во изобилство, и ќе бидат добро потсеќање за тоа што се случи минатата сабота во Кастро. Но да почнам одпочеток!
21.10.2006 датум кој веќе беше долгоочекуван, а промоцијата уште повеќе бидејќи веќе на неколку пати беше одложувано тоа што требаше да се случи, иако многу одамна моците се спремаа за тоа... нејсе! Конечно дојде (правото) време за промоција на нивниот албум.

Клипови:
_____________________________________
xmkd Шпиц и Уки - повторно...
spic i uki
Пред некој ден додека снимавме со Виктор налетавме на Шпиц и Уки. Неможевме а да не застанеме да ги меморираме со видео запис. Со клик на сликата исто ко да сте биле таму...
________________________________________
xmkd Greisha Theory

Крејзи рашн'с видео клип!!! Клик ' ем!!!
____________________________________