XMKD ForumXMKD ShopВИДЕО ГАЛЕРИЈАЕ-маилГлупостиЗа Xmkd.comEnglish Version
 
acid wear
Velofest
alpinizam.org
plagij.at
paragliding club Vertigo
blog za skiroli
Skopje WiFi
SkopjeClubbing
Нека Xmkd.com биде моја почетна страна! Нека Xmkd.com биде една од моите омилени вебстрани!
       

 

 



  Испрати Новост
денеска е:
- СЕГА СТЕ ВО АРХИВАТА ЗА Август 2006
xmkd С.К.И.Р.О.Л. Блогспот!
S.K.I.R.O.L. blogspot
Од пред два три дена Перо и Мате го отворија блогот "Скирол" кој ќе биде посветен стрикно на скејтбордингот како тема која опфаќа многу повеќе од екстремен спорт, опфаќа начин на живот, субкултура, андерграунд... Ја си го посетувам секој ден, а вие?
www.skirol.blogspot.com
_____________________________
xmkd Европско Првенство Франција 2006, од гледна точка на Каролина Смилевска
Francija 2006
Напорите што ги вложивме оваа година, на Европското првенство да изгледаме повеќе како репрезентација одколку како група ентузијасти се исплатеа. Со подршка од ВФМ и залагања на комисијата како и на членовите на репрезентацијата навреме се изврши пријавување на полна екипа, навреме се плати котизацијата, се обезбедија дресови, сместување и слободно можам да кажам дека бевме репрезенатција на која многумина таму и позавидуваа. Но да почнам од почеток, еве како се тоа јас го доживеав. Повеќе...
www.vertigo.org.mk
__________________________________
xmkd Скејтспот: Игралиштето во Ново Лисиче
stisni me
Ги заредивме скејтспотовиве... Клик за повеќе фотки...
_________________________________
xmkdplagijat Skopje Film Festival - девето издание!
Конечно добра вест за најдобрата културна манифестација во Македонија (sic). Деветиот Skopje Film Festival најверојатно ќе се одржи од 8 до 16 Септември. Годинава, на мое огромно жалење, фестивалот го промаши својот стандарден термин на почетокот на Март, а постоеше опасност тој и воопшто да не се одржи, ce поради недостиг на пари кои сега се добиени главно од градот Скопје. Повеќе....
_____________________________
xmkd Globalized
_________________________________
xmkd URBAN TRIALS ATTACK - одложен за во Септември
Повеќе инфо наскoро...
________________________________________
xmkd Скејтспот: Фонтана, Битола
Фонтанта во Битола е едно од најдобрите скејт спотови во Македонија. Располага со мермерни ѕитчиња на секоја висина има добри гапови со огромни дропови, подлогата е од мермерни плочки онакви како во гтц во Скопје, не бркаат, и има грајнд бокс долг 2.5 метра висок до колена со округли шипки на рабовите направен од Мимсо, Слаткаро, Марушо и компанија. Што повеќе да се објаснува, лиги до колена, наскоро и повеќе фотки и видео од возење на ова место. Клик за повеќе фотки...
_________________________________
xmkdplagijat Interview со Зоки од Two Sides
Едни од хедлајнерите кои не почестуваат со нивниот настап на нашиот роденденски фестивал plagij.at turns 1 се веќе нам добро познатите Two Sides. Сепак има новитети во Two Sides!! Зоки ги открива пред нивниот настап! Хир деј ар:
Повеќе....
_____________________________
xmkdplagijat AkaFest @ Сули-Ан
Никако сами!
Утре Петок 25.08 правачите на т.н. прв македонски Догма Филм го одбележуваат завршувањето на првата БАЛКАНСКА догма “Боли ли?“. Постерот зборува сам за себе. Се гледаме тамо! Повеќе....
_____________________________
xmkd Бунтовниците во Антена!
topoini
_____________________________
xmkd Ile - transfer bs kickflip
_____________________________
xmkdplagijat About the Bands
Помина цела една година откако тргнавме со ова нешто кое го нарековме plagij.at. Се напишаа 849 текстови на кои беа оставени 3668 коментари од страна на 478те членови на бор:комјунити-то. Тргнавме со идеја да бидеме фраери и да буткаме нешто што е потешко од кога се бутка буба за да запали. Дали успеавме во тоа? ЈОК! Публиката во Република Македонија не е спремна да плати за да го погледне својот омилен бенд. Не е спремна за нешто ново и вистински квалитетно. Повеќе....
_____________________________
xmkd The art of the deviant. - My turn.
My Turn by Zakovska
_____________________________
xmkd Алпи 2006
Ви текнуе дека Игор и Весна Талевски требаше да идат летово да ја искачуваат источната страна на Монт Блан? Епа биле и еве како си поминале:

Ве потсетуваме дека наша цел беше Источната Страна на Монт Блан - Бренва (на сликата лево). Нејзината висина од 1400 метри и излез на 4810 метри се секако голем предизвик во западните Алпи и секој алпинист гледа со почит кон неа. Сепак поради лоши временски услови по завршувањето на аклиматизацијата - неколкудневни континуирани врнежи на град и снег, ја доведоа во прашање безбедноста на искачувањето на страната од лавински аспект, па поради тоа моравме да се задоволиме само со тоа што беше планирано како аклиматизација... Повеќе....
_____________________________
xmkdplagijat Sidewalk live and uncut!
За од прилика 10 дена Плагиј.ат ќе наполни точно една година. Порасна бебето кое во последниов период ве иформираше во полето на литературата, филмот и секако најдрагото - музиката. Еден од бендовите што ќе ги слушнете на нашата роденденска забава Plagij.at turns 1 се и скопските Sidewalk.Распуштени во суппер атмосфера си промуабетивме и тој муабет ви го пренесуваме директно вам! Повеќе....
_____________________________
xmkdplagijat plagij.at turns 1 on Air
Прекрасниот заштитен глас на плагиј.ат во соработка со фантастичниот наш хакер, техно денсер ги стокмија и аудио рекламите кои се надеваме ќе ги слушнете и на некоја од скопските радио станици! За оние кои не се од Скопје бујрум фор даунлоуд и нека ги вметнат во своите плеј листи на рандом и заедно да се радуваме!

number 1
number 2
number 3
_____________________________
xmkd WIN DYRDEK’s GUMBALL 3000 CAR!
HOTIMPORTNIGHTS заедно со DC за овогодинешното издание на се попопуларното травелинг шоу ја даваат на нагрдна игра колата од $65,000, high performance Subaru WRX STi, која Роб Дурдек ја возеше лани низ Европа заедно со БИГ Блек на сувозачно седиште за време на ланското GUMBALL Show.. Дешавката ја имаше на екстрим каналот ако ја фатил некој. Гумбол е трка со коли у живо низ реален сообраќај која се одржува еднаш годишно низ различни земји. Најинтересни се средбите на натпреварувачите со полицијата. Исто така ДЦ дава едногодишна залиха на патики (12 пара). Штета што важи само за легални резиденти на УСА. Како и да е вреди да се проследи целата дешавка а за тоа повеќе инфомрации ќе најдете тука.
_____________________________
xmkd Скејт новости
Победниците од THE SKATEBOARD MAG / EL CAMINO CONTEST
Alec Sim (Mount Sinai, NY); Simon Pitt (Queensland, Aus); Patrick Webster (Turlock, CA); Taylor Lindgren (Minneapolis, MN); Tom Meraw (Whistler, BC) Andrew Douglas (Western Aus); AJ Pagan (Stafford, Virginia); Ole Rauff (Denmark); Claudio Rodriguez, Jonathon Soucy
Позади сцената со DYRDEK за време на снимањето на "STREET DREAMS"
РОб Дурдек снима филм со наслов „Street Dreams" кој ја раскажува приказната на еден млад скејтер кој се пробива кон врвот на својот сон. Клик овде за фото галерија од сцените во филмот. Роб исто така го снима и својот дел во новото Alien Workshop видео кое ќе се дава на MTV оваа есен.
"THE DC VIDEO" добива награда „Најбоње УМД видео“
Станува збор за UMD видео форматот на Sony наменет за гледање на плејстејшн. Видеото на DC е единственото скејт видео официјално достапно во овој формат а неговата атрактивност очигледно ги освоила судиите на "Best UMD" at the 9th annual 2006 Entertainment Media Expo DVD Awards.
_____________________________
xmkdplagijat Anti-Flag или Anti-bush овој пат?
Да пишувам за бенд и неговото дело како реално што го доживувам? Епа решив токму тоа да го направам. Ќе се потрудам да бидам што по јасна зашто малце и е чуден овој мој став, за токму овој бенд. Anti-Flag. На што ме асоцира? Ме асоцира на одлична певлива музика, испеана од малце... нежни дечки, кои трудејќи се да успеат во она што го прават, пишуваат текстови најпривлечни за младината. Посебно за моите врсници. Никогаш не ме интересирале членовите на еден бенд, доколку ми се свиѓа нивната музика. Битно е како работат во целина. Анти-Флег се прилично... тие се малку... вештачки. Повеќе....
_____________________________
xmkdplagijat We tour europe
Баш ми е мило кога некој бенд од нашево поднебје ќе покрене иницијатива, и ќе ги превземе сите работи во свои раце. Тогаш рецептот за успех неможе да пропадне! Станува збор за два суппер бенда кои ни носат уште посупер вести. Fpo и This Home Is Prepared tour Europe! Почнувајки од денеска па се до крајот на септември овие бендови ќе се изнашетаат и изнасвират низ цела европа. Познатата банда на Васко и Скарфејс ќе се потрудат да остават впечаток на повеќе сцени во Европа, и да покажат дека ние имаме и бољи бендови од нив! Повеќе....
_____________________________
xmkd IMYTA BULGARIA QUALIFIERS!
Вечерва на 18 август дел од нашата екипа што вози ролери тргаат на натпревар за Софиа. Во Софиа ке има гости од цела европа и пошироко.. ке гостуваат големи имиња како што се Samo Bajec, Bruno Lowe, Mathious Silhan и други. За Софиа тргаат Виктор и Марко од Велес , Педјо , Роко и Диви од Скопје и се надеваме дека Битолчаните Мимс и Слаткар ке бидат таму дека не сме оствариле контакт со нив. Хакер ке и се придружи покасно на екипата поради здрасвени проблеми. За повеке инфо на следнива страни:
http://www.aisa-roots.com/bg/index.php?page=news&id=23
http://www.team-disaster.com/bg/index.php?page=news&id=132
Поздрав Диви
____________________
xmkd Mars does Earth!
klik za pps
_____________________________
xmkd Нов скејт профајл - Димитар Ќосевски   
Митко вози од 2003 и омилен трик му е kickflip, но да не должиме многу, нежно кликнете тука да го видите профилот кој содржи дури три скејт слики. Наскоро и клипови!!
_____________________________
Новите CONTROL - Adapta наскоро и кај нас!
__________________
xmkdplagijat No Substance во Македонија!!
Во 1976 година беше објавен првиот панк рок сингл наречен New Rose на групата The Damned. Во 2006, годината кога панкот слави 30 години од своето постоење, баш од колевката на панкот - Велика Британија ни пристигнува одличниот No Substance.
повеќе
_____________________________
xmkd DRUM TOUR VIDEO!

Еве го видео клипот од турнејата по децентрализирана Македонија - станица Охрид што пишавме дека ќе биде наскоро. Заебанција до заебанција.. Клик на сликата, даунлоуд 40 мега, и гледај 15мин, и смеј се!

____________________
xmkdplagijat SZIGET FESTIVAL 2006. – 12.8.2006.
SZIGET FESTIVAL 2006. – 12.8.2006.
(Sons and Daughters, Deus, Radiohead...)
Budimpesta, Obudai Sziget
Posjetitelja: 70000

повеќе
_____________________________
xmkd Две нови видеа он д веј! 
ELEMENTALITY V2

Видеово ќе ја дочека својата премиера на 1 септември
оваа година. На вториот дел од познатото Elementality
ќе се покажат: Dallas Rockvam, Bam Margera,
Brent Atchley, Collin Provost, Jeremy Wray, Jimmy Lanon,
Mike Vallely, Nyjah Huston, Tony Tave, i Tosh Townend.
TRAILER овде
1st AND HOPE

Видео бај Elwood. Скејтборд филм посветен на сите
генерации, околу стариот модерен начин на пристапување
кон стрит скејтингот. Траилерот кажува се:)
Cruising down the street with your friends,
the way it was meant to be.
_____________________________
xmkd Нова слика од Жоро 
5-0 у Порта Влае. Дури и Жоро се омрси со нова слика после тоолку време.:)
_____________________________
xmkd Blind News!
Два нови про рајдери за Блајнд и две нови про модели на даски соодветно. А за вас, видео клип од сите нив заедно! Клик овде...
_____________________________
xmkd Pannonian Challenge 7 - 17 do 20 Avgust
panonian

За два дена почиња Панониан Челинџ по седми пат. Ко што знам оваа година во скејтбординг натпреварот ќе иаме и претставник од Македонија, Петар Младеновиќ, Перо, Перо Перо!!! .... Повеќе овде.

_____________________________
xmkdplagijatlagij.at turns 1!
_____________________________
xmkdplagijat Пичка ли му материна....Но Пистолс!
Денес сабајле на враќање од феномалниот концерт на Паркети во Струга, кај местото Косел чуден удар ги скрши стаклата од комбето на Литиум Рекордс кој го превезуваше бендот. По полицискиот увид од страна на крим техника на Ресен се утврди дека се работи за залутан куршум! За среќа, сите се живи!!! Сашо(вокалот) од распрскувањето на стаклата задоби мала исеченица на лицето, а на шиеење од истата причина е однесен Тоур Менаџерот на групата – Докторот кој пројде со неколку конци. И покрај ова Паркети вечерва ќе го одржат концертот во Кочани кој од страна на локалната екипа е спреман долго време, но Охрид, Велес и Гевгелија ќе бидат преместени за:

23.08 – Охрид ( одложен 14.08. - Дом на Култура) 24.08. – Велес ( одложен 16.08. – Ноктурно)
25.08. – Гевгелија ( одложен 13.08.)

Тие 3 концерти се одложуваат како би ја оправиле штетата на комбето, запалиле свеќи во цркви и се запрашале каде живееме. Ако го видите комбето ќе сватите дека луда среќа ги спасила патниците од најстрашното.

Lithium Records
_____________________________
xmkd Турнеја по децентрализирана Македонија – III дел

Битолчаните ПАРКЕТИ продолжуваат таму каде што ПМГ Колективот и Мугер Фугер застанаа. Овој месец тие ќе крстосуваат по нашата мала, но раскошна Македонија. Распоредот на нивната турнеја е следен:

11.08 Струга (Калабалак)
12.08 Кочани (Дом на култура)
13.08 Гевгелија (Ex-Liberty)
14.08 Охрид (Дом на култура)
16.08 Велес (Ноктурно)
17.08 Штип (Дом на млади)
18.08 Неготино (Ex-Dallas)
19.08 Тетово (Рок кафе)
26.08 Битола (во склоп на фестивалот Битола отворен град) + Skate contest

Земете ја вашата Rexona и дојдете на концерт!!!
До тогаш, посетете го официјалниот сајт на групата ПАРКЕТИ www.parketi.com.mk, научете ги текстовите и спремете се за циркусот кој доаѓа во вашиот град. Поздрав.

_____________________________
xmkd Gmail comes in town
Почнавме со трансфер на хмкд емаил акаунтите од powweb на gmail. Ќе добиете известување со нов пасворд и линк за логирање во новиот акаунт. Јузерите сега ќе се исти како името пред @xmkd.com. Значи не ко до сеа што имаше различен јузер од тоа што стои пред @xmkd.com. Од коа ќе ви стигне емаилот ќе можете да се логирате и да си подесите свој пасворд и сл. Но пораките сеуште ќе ви стигаат во стариот акаунт на squrelmail се додека не ги префрлиме сите маилови па тогаш ќе ја префрлиме и комплетната функционалност да иде преку гмаил. За тоа ќе ве известиме накнадно коа ќе биде. Старите маилови ќе ви останат достапни во squrelmail. Ако на некој нешто не му е јасно или има проблеми нека фрли меил на contact$xmkd.com, ај живели!

Поздрав, xmkd tech staff.
_____________________________

xmkd Турнеја по децентрализирана Македонија! - Станица Охрид.
klik za fotki

Саботно сабајле, сонце пече а комбето каснеше веќе еден саат. Конечно пристигна комбето во 8 часот сабајле во Влае, не собраа мене и Жути и тргнавме на пат! Веќе окезени до уши, во комбето не чекаа Роко, Ана, Хакер, Џими и нашиот возач на денот Грга (Литиум рекордс) со девојка му. Патот ни помина доста брзо, имаше смеење, спиење, мекици, кикирики и такви заебанции. После пола саат спиење застанавме на Стража на Pee break и на уше некоја мекица.:) Време беше да тргнеме и од таму, касневме скоро еден саат на дешавката. Стигнавме у Охридот накај 12 саат, таму сонце пече, жива душа немаше доено уште за свирката која требаше да почне во 11. Иначе свиреа охридскиот hc состав Hardfaced. Наместивме појачалата, банерите, шипката за возење и сл. По пола саат пауза почнавме да возиме, почнаа да се собираат луѓе на дешавката. Се снимавме, сликавме итн... Али набрзо се насобра гужва за свирката и стана тесно за возење, а и убиени бевме од сонцето. Дешавката се дешаваше кај киното (тука одма кај КИМ) До кај 2 саат заврши скејт демото, дадовме и изјава за а1 телевизија која не се прикажа во етерот (фала богу дека нема коа поврзале микрофон за најмалата камера у светот и ај ќе праиме интервју). После тоа отидовме да се избањаме и да јадеме. Беше време да тргаме за Скопје но некој талентиран тип или девојка не е битно ни го имаше заглавено комбето со својата незнам каква кола. Окапавме уше саат време и конечно се ослободивме некако од таму, кога ни изгоре ламелата од комбето по охридските угорници. Јеби га, ај некако се извадивме и од таа фрка, но целиот пат накај Скопје го возевме никако над 80 kmh ради ламелата. Стигнавме у 10 саат вечерта у Скопје и правац на спиење. Ламела r.i.p.

Фотки: 01/02/03/04/05
Видео Клип: Наскоро...
_____________________________
xmkd URBAN TRIALS ATTACK
- Contest - 24 Avgust, Четврток - Кеј на Р.Вардар - 18:00ч
Е,хе,хе,хехе,хе хеј народе, народе чујте и почујте! На 24 ден од месецот 8-ми по ред лето господово 2006-то ќе се случи првиот бајк натпревар од овој тип во нашата земја. А тој тип е дисциплината Урбан Тријалс, односно оние со точаците што сокаат низ град ако сте ги виделе... е сега уште повеќе ќе скокаат и ќе праат финтици во добар дух и расположение. Натпреварот е во организација на EVIL BIKERS TEAM од Скопје и икс-м-к-д од Интенрет. Дојдете на кејот од реката Вардар во Скопје, каде што плоштадот Македонија се спојува со Калето преку историскиот Камени Мост кој го реновираа пред некоја година и сега не е толку историски како што беше. Ете тука од година во година се создава една нова историја, а вие драги читатели ќе имате можност да бидете дел од неа. Опростете се со своите гревови од предходната вечер, и дојдете заедно да го проследиме овој настан. Тркалото се врти...
________________________________________
xmkd Клиповите што каснат (веќе еден месец)
Се работи за свирката шо беше у Куршумли Ан на 12 јули.. подоле ве чекаат 5 клипчиња од тогашниот настап на Two sides.
Two sides 01 Two sides 02
Two sides 03 Two sides 04
Two sides 05

Why can't we ever be on time?!?...
_____________________________
xmkd Еве 3 ск8 клипчиња од Х Гејмс 12 што снимавме на кабловска
danny danny danny the croud goes wild ej bobi burnquist flip something good  to me
Клик на соодветната сликичка за превземање на соодветниот клип.
_____________________________
xmkd "ЕКСТРЕМУС ФЕСТ" - КАВАРНА 2006
ПРОГРАМА НА "ЕКСТРЕМУС ФЕСТ" - КАВАРНА 2006
25 АВГУСТ  
12:00 - 15:30 Начало на състезание по автостоп Варна - Точка - Каварна
13:00 - 16:30 Посрещане на финиширалите от състезание по автостоп Варна - Точка - Каварна
16:30 - 18:00 Регистриране и акредитации
17:00

Пресконференция журналисти

19:00 Официално откриване на фестивал. Обръщение на общината. Обръщение на организаторите и спонсорите.
20:30 Парашутисти
21:00 Музика
   
26 АВГУСТ  
10:00 - 11:00 Състезание - алпийско катерене техника на единично въже - и-или стена
11:30 - 14:00 Разходки с яхта
12:00 - 13:30 Състезания - ролери и скейтборд
13:30 -14:30 Parkour & Free run - Джем сешън
14:30 - 17:00 Оф-роуд състезания
14:00 - 19:00 Представяне и демонстрации на клубове
20:00 ПАРТИ - DJ, Мис и Мистьр Екстемус, Прожекции на филми от архива на екстремус
   
27 АВГУСТ  
11:00 - 12:30 Екстремен байк - състезания
13:30 - 15:00 Награждаване
15:30 Официално закриване
17:00 Ккоктейл с покани за организатори, спонсори, община и представители на клубовете
  * Възможни са размествания и промени в програмата
Повеќе на сајтот !
_____________________________
xmkd Пиво - хоум made!
Сите праат вино и ракија, а пиво? Alt ili Lager? Сосема детално упатство како да си напраивте пиво во домашни услови. Kaj nas malce ke treba da se pomacite za sostojkite ama se isplati :) Одличен клип!
_____________________________
xmkd Розе Кадилак
Розе, розе еми како... :)
_____________________________
xmkd Како Јоци си го еба коленото?
По којзнае кој пат! Клик слика за даунлод.
_____________________________
xmkd Завршија X-Games 12
икс гејмс 12
Кој глеаше - глеаше, кој не ќе има можност да види по нешто овде за некој ден. Снимавме од кабловка Д-). Еве нешто повеќе инфо тука:
А у принцип што да ви копираме тука коа се натенане може да си прочитате на официјалниот сајт: http://expn.go.com/expn/index Нели? Само ќе кажеме: There is only one way of life, and that's Danny's Way of life!!! F**k your own way of life and start living for today, like Danny Way does. See ya, bitch!
_____________________________
Без Паника! Одморите се при крај, миграцијата заврши... :)
Ко што знаете, а можеби и не знаете во изминатиов месец нашиот хостинг провајдер POWWEB се префрли на нова платформа при што се изврши миграција (копирање) на сите сајтови на нови сервери и сл. Е сеа за да се тоа функционира нормално се погрижи новиот менаџмент тим на поувеб во соработка со сопствениците на сајтовите. Него да не гњавиме тоа што можеби ве интересира вас се промените и проблемите со емаиловите. У принцип нема некои големи промени освен што ќе правиме „чистка“ на неактивните емаил акаунти за да се ослободи простор за нови. За да не направиме грешка и да избришеме некој активен акаунт убаво би било тие што ќе го прочитаат ова да ни пуштат еден емаил на contact$xmkd.com, онака празен чисто за да ни даат до знаење дека го користат меилот. Друга промена е што сега индивидуално ќе сетираме инбокс простор за различни акаунти зависно од тоа колку на кој му треба а просторот ќе варира од 20мб до 100мб. Исто така пожелно е да си ги ресетирате (промените) пасвордите за да „легнат“ убаво на новата платформа. Еве подоле и неколку линкови со различни технички известувања во вркса со промените за тие што ги интересира. У план е имеил сервисот на хмкд да го префрлиме на гмаил со што ќе имате можност за „хмкд.ком емаил со сите поволности на моментално најдобриот емаил провајдер во светот. Само за да се префрлиме има доста заебанции кои треба да ги истераме а и ќе треба сите маилови отпоново да се отвараат така да ќе видиме... Тоа е тоа за сеа. Keep it real!
Secure E-mail on the New Platform: SSL and/or TLS
New PowWeb Site and Hosting Platform
Frequently Asked Questions
_____________________________
xmkdplagijat Pixies во Загреб... конечно!
This ain't no holiday, but it always turns out this way!

Можев овој текст да го започнам со реченица како тргнавме со кола за Загреб, некаде околу 4 сабајле. Можев да напишам дека по пат ги утепавме од вртење албумите на Overflow и Pixies. Можев да напишам дека на ... повеќе
_____________________________
xmkd Кој ќе падне во скејт-паркот, сам си е виновен!
Уште една новост за скејтпаркот, овојпат изворот е Време

"Општината Карпош деновиве ќе постави табла покрај скејт-паркот на која ќе пишува дека општинарите нема да бидат одговорни за секоја незгода што ќе се случи таму, а како резултат на неискусните скејтери и секое недолично однесување, рече Андреј Петров, градоначалникот на Карпош.
- Во вечерните часови таму се собираат од 200 до 1.000 луѓе и се создава метеж. За да се намали бројот на луѓето што го користат базенот на скејт - паркот ќе поставиме рампа за велосипедистите кои ќе можат да ги изведуваат егзибициите таму - рече Петров, кој додаде дека ќе почне и обновата на патеката за ролери од која ќе се отстранат издигнувањата."

Абее, од премногу метеж нема кај игла да фрлиш а камо ли да возиш! 200 до 1000 луѓе... ја би рекол испод 50 од кои 20 души се публика. Градоначалников ме буни...
_____________________________
xmkd plagijat RESTLESS YOUTH / FxPxOx 8ми Август @ гаража во тафталиџе
Свирката е откажана!
Повеќе...
_____________________________
муабети box
Chat Forum
email box
username

password

сакам XMKD email!

Проблеми со логирање?
Пробај од овде!
radio box
срч box

xmkd
FOSIM