XMKD ForumXMKD ShopВИДЕО ГАЛЕРИЈАЕ-маилГлупостиЗа Xmkd.comEnglish Version
 
acid wear
Velofest
alpinizam.org
plagij.at
paragliding club Vertigo
blog za skiroli
Skopje WiFi
SkopjeClubbing
Нека Xmkd.com биде моја почетна страна! Нека Xmkd.com биде една од моите омилени вебстрани!
       

 

 



  Испрати Новост
денеска е:
- СЕГА СТЕ ВО АРХИВАТА ЗА MAJ 2006
xmkd Саботна Фиеста, Неделна Сиеста - Sold Out
Почитувани конзументи на музика Суперхикс благовремено известуваат дека во рекордни 24 часа е распродаден целиот тираж од 30 000 цедеа на нивниот албум во живо. Со ова е надминат нивниот “скромен“ досегашен рекорд од минатиот албум ТРУМАНО кој за истиот временски рок (24 часа) се продаде во 25 000 примероци.

Слушајте СУПЕРХИКС и животот ќе ви биде повесел!!!
_____________________________
xmkd Еј Луѓе!
Ко што веројатно више сите знаете во Сабота на трети јуни покрај ролеријадата ќе има и ск8 контест на плоштад. Спонзор Рексона, парични награди, нови елемнти а у чуда. Голем ивент кој не треба да се пропушти. Судии на натпреварот изглеа ќе бидат Мате, Мики и Марко. Повеќе информации на рекламата на телевизија и флаерите низ град што би требало веќе да се у оптек :) Се гледаме!
_____________________________
xmkd plagijat ДРУМ, не е политичка партија!
Во 10 града низ Македонија во склоп на ДРУМ (Децентрализирана Рок Уметност низ Македонија) момците од литиум ќе ја здрмаат Р. Македонија. Сето тоа со цел афирмација на музичката уметност и популаризација на екстремните спортови во Македонија. Турнејата или поубаво речено ова случување низ цела Македонија(во мојов краток живот прва) ќе трае 8 Месеци (Јуни 2006- Јануари 2007) Ќе бидат посетени повеќе градови меѓу кои Велес, Штип, Кочани, Струга, Радовиш, Гевгелија, Тетово, Прилеп, Битола, Охрид. Ќе настапуваат бендови кои се под капата на Литиум плус нивните другарчиња: Two Sides; Robotek; PMG Collective; Mooger Fooger; Green Out; Borgoth; Parketi; Denny te Chuva!!! Вкупно концерти: 80!! Значи на повидок фантастична дружба, музика, скејт и инлајн сесии со момците од xmkd.com, видео проекции!
Повеќе...
п.с.: еј овие момци од хмкд уствари сте вие:) па кој сака на турнеа да вози ск8 и инлајн, да гледа концерти и да се дружи навака натака низ повеќе градови, во одредени денови во теков на следниве 8 месеци нека дигне рака! :) Меѓу проекциите ќе има и хмкд клипчијна!
_____________________________
xmkd plagijat La Plebe - мексички панк со труби во МК!
Los pinches Mexicanos La Plebe vienen a Macedonia! Tocaran tres putos conciertos:

04-06-200; Rock cafe, Тетово
support: Sidewalk (MKD)
08-06-2006; Дом на млади, Штип
support: Sidewalk (MKD)
09-06-2006; (Biker-Fest) Белви, Скопје
support: TBA
Повеќе...
_____________________________
xmkd plagijat ВНИМАНИЕ!!! Офанзива на Dedicated For Life
Скопскиот дет-метал бенд Dedicated For Life ќе ја има честа да го отвори концертот на финскиот метал бенд Apocalyptica, најавен за 30 мај на Скопскотo лизгалиште. На репертоар на ДФЛ покрај песни од двата албума, ќе се најдат и нови песни, што се планирани за новото издание.
Освен тоа, деновиве во етер е пуштен новиот спот за песната "Forever Gone", работен со видео материјали од промоцијата на албум "By All Means", што се оддржа во ноември 2005 во МКЦ. Спотот може да се погледне на нивниот сајт: www.dedicatedforlife.com , кој е уште една од низата новости поврзани за овој бенд.
Повеќе...
Ej а еве и тазе интервју со бендот! Клик овде за интервјуто!
_____________________________
xmkd Уште еден скејтпарк билдер од Ју Кеј!
Чек 'ем аут!
Поздрав!!
___________________________________
xmkd Work in progress (Состојба на 25 Мај 2006)
Го фрлија бетонот! Клик за повеќе слики...
Поздрав!!
___________________________________
xmkd Last.fm - Better Than We Know Ourselves - pitchforkmedia.com
Last.fm е релативно новиот музички сервис кој знае за нашиата омилена музика подобро од самите нас. Слушаш музика на винамп или итјунес и се тоа иде у датабазата на ласт.фм нормално ако им дозволиш. Што е тука доброто? Датабазата се пуни со податоци за еден куп други како тебе и лесно можеш да најдеш музика баш како што ти одговара. Преку листање на песните што твоите другарчиња ги слушаат и преку препораки генерирани автоматски според твоите досега ислушани песни. Трк на Last.fm, регистрирај акунт, инсталирај го плугинот за твојот омилен плеер and your in business! Еве подоле и листа на слични сервиси но овој ласт.фм изглеа најбољи е...

*Last.fm: www.last.fm
*Pandora: www.pandora.com
*MusicIP: musicip.com
*Search Inside the Music: research.sun.com/projects/dashboard.php?id=153 (see also Paul Lamere: blogs.sun.com/plamere
*Audiobaba: Audiobaba
*MusicStrands: www.musicstrands.com
*Echo Nest: www.echonest.com (see also Brian Whitman: variogr.a and Tristan Jehan: web.media.mit.edu/~tristan/)
*The International Conferences on Music Information Retrieval and Related Activities:
www.ismir.net
_____________________________
xmkd Абе ај не заебавај? Браво!

ГРАД СКОПЈЕ ОРГАНЗИРА

Екстремни спортови на плоштадот

Градските власти на 3 и 4 јуни на плоштадот Македонија ќе приредат голема промоција на екстремните спотови во земјава. Градот обезбеди повеќе реквизити и опрема за презентирање на спортовите.

Во идната недела на плоштадот ќе биде поставен ѕид за качување, а клајмерите (лектура?) ќе го презентираат овој спорт пред скопјани. Љубопитните граѓани ќе можат да се обидат да го искачат ѕидот. Од 1 јуни ќе почнат да се поставуваат и елементите што во иднина ќе бидат сместени во адреналин-паркот, кој градските власти планираат да го изградат под железничката станица.

Градот ги повикува сите ролерџии на 3 и 4 јуни да учествуваат во трката со ролерки. За најдобрите се обезбедени и награди.

Градските власти ги повикуваат граѓаните да дадат предлози за името на новиот адреналин-парк, а трите најдобри предлози ќе бидат наградени со велосипед, ролерки и со скејтборд.

Извор: http://www.dnevnik.com.mk/

Поздрав!!
___________________________________
xmkd Видео клипче од Геоф Rowley као копиљ!
rowley squares
Ако кликнете на сликата ќе го видите Geof Rowley како праи парче као копиљ некаде на почетокот на деветсто и деведесетите години од минатиот милениум. Ако не кликнете на сликата нема да го видите. А клипчето е измонитрано како збори он нешто што уствари праи реклама за неговиот најнов модел на ванс патики. Епа сеа вие решете дали ќе кликлнете или не. :)
Поздрав!!
___________________________________
xmkd ПАРКЕТИ И БИЛЕТИ ЗА КОНЦЕРТОТ НА “BLOODHOUND GANG”
Од 1ви Јуни ќе бидат пуштени во продажба билети за концертот на “Bloodhound Gang” кој ќе се одржи на 21ви Јуни на Скопското Лизгалиште. Поради јубилејот 10 години од првиот организиран концерт на Литиум Рекордс, тимот на Литиум реши да ги почести конзументите на масовната култура со цена на билет од само 300 денари, за девојки 300 денари!!! Билетите ќе се продаваат во Југотон. Како предгрупа број 1 ќе се појават Битолските перјаници Паркети.
_____________________________
xmkd XMKD СКИ ВИДЕО КЛИП

Први мај навака натака со Цив, башка луѓево од Скопје на апсолвентска екскурзија ни поминаа до Виена на по пиво.. клик тука за цела сторија >>>
klik tuka za video klipot >>>
_____________________________
xmkd ВО ПРОДАЖБА ВЛЕЗНИЦИТЕ ЗА OFF-FEST 2006

Во среда, 24 мај, ќе бидат пуштени во продажба влезниците за првата и втората вечер на годинешното 5-то издание на OFF-Fest, во организација на Скопскиот џез фестивал. Цената на влезниците за концертите на Африканските ѕвезди Афел Бокум, Тартит и Хабиб Коите кои настапуваат под заедничко име “Дезерт  блуз”, на 7. јуни во Универзалната сала, е 500 денари - во претпродажба, а 700 денари - на денот на концертот. Влезницата за концертите на Сибел (Бразил), Лос Де Абахо (Мексико) и Ли 'Скреч' Пери (Јамајка), што ќе се одржат на 9. јуни во Универзалната сала, е со истата цена: 500 денари - во претпродажба и 700 денари - на денот на концертот. Продажбата на билетите, пак, за концертот на Масив Атак (11. јуни, Скопски саем - хала 1), која стартуваше на 11 мај, со рекордна бројка на продадени 1280 влезници само во првиот ден, се одвива со несмалено темпо - веќе се продадени повеќе од половината од предвидените 4000 влезници за овој настан. Нивната цена е 1000 денари што ќе важи до 8 јуни, а последните три дена (9, 10 и 11 јуни) билетите ќе чинат 1200 денари.

_____________________________
xmkd plagijat Бесен балкански рап @ Бони
Оваај... pomeri se samo malo da osetis flow! Повеќе...
_____________________________
xmkd Жоро - Crooked grind
Поздрав!!
___________________________________
xmkd http://www.acidwear.com.mk

ACID WEAR

Нашиот пријател, а Вашиот омилен избор кога станува збор за облека, кој редовно се појавува како спонзор на скоро сите наши екстрим спортс проекти и натпревари, отсега и на интернет. Моментално сајтот сеуште е во изработка но наскоро на него ќе можете директно да се информирате за најновите модели на разни парчиња облека, промотивните акции и слично. Брендот Acid Wear успешно опстојува на македонската street&club wear сцена скоро десет години. Самоинцијативниот дух на Зоки и Сандра е пример на сите нас за стварање нешто со домашен печат, готов производ кој е спремен за пласман наоколу со додадена вредност која повеќекратно се враќа во македонското општество, наместо да извезуваме сиров материјал кој потоа преработен и со лепенка од некое странско скејт, инлајн или било какво лого, ни го продаваат назад петпати поскапо. Нејсе, производите на Acid Wear можете да ги најдете во трите Acid продавници низ Скопје и тоа: TOXIC - горе во трговски позади Југотон, потоа ORGANIC - во трговскиот Беверли Хилс, како и најновата ACID STORE - спроти влезот на трговскиот центар РАМСТОР. Доколку имате проблеми со памтењето вебстрани во иднина до страната на ACIDWEAR можете да пристапите и преку веќе добро познатото лого кое одамна го гледате таму некаде лево од текстов. :) Ај сеа трк во некоја од продавниците на ACIDWEAR да се подновите за летната сезона!:-)
ПозXдраф!!
_______________________________________
xmkd CLIMBING IN MACEDONIA - Локалитети

ПозXдраф!!
_______________________________________
xmkd Work in progress (Состојба на 21 Мај 2006)
Поздраф!!
_____________________________________
xmkd Фотка од старите залихи...
Поздрав!!
___________________________________
xmkd plagijat Children of fall - "Bonjour Tristesse"
Children Of Fall е бенд формиран од добро познати бендови кои своето творештво го пласираа во ерата на 90те. Бенд кој доаѓа од север, бенд кој има премногу настапи во последно време, бенд кој каде и да отиде го бараат назад пак, бенд кој ужива глобален респект, бенд кој звучи перфектнмо... Повеќе...
_____________________________
xmkd plagijat Here are the young men, the weight on their shoulders: Ian Curtis
Што ги прави Joy Division различни од New Order? Ian Curtis! Момчето со измачен глас кое, покрај душевните болки, премногу му веруваше на David Bowie. Толку многу за да си го одземе животот на 18 Мај пред 26 години. Повеќе...
_____________________________
xmkd Нов бајк профајл, Вештер и нови фотки од Даниел!
Клик овде за фотки од Вештер, а овде и за неколку нови фотки од Даниел.
________________________________________
xmkd Галерија - Плочник, 16 Мај 2006
Денес снимавме на плочник. Зифи правеше линија која требаше да заврши со кик флип преку 9-те скали но после 10-сетина обиди, го застана, и ја скрши даската... Неколку фотки имате на повеќе, а видео снимки во некој иден скејтбординг видео клип:) Повеќе...
Поздраф!!
___________________________________
xmkd Work in progress (Состојба на 16 Мај 2006)
Ајмо тазе фотки од напредокот во изградбата на скејтпаркот во карпош... почнаа да се ставаат леџовите, хендраилите и сл... залет има 2-3 метра ама тоа е тоа. Повеќе среќа за идниот скејтпарк, за сега и ова е доволно... :) Повеќе...
Поздраф!!
_________________________________
xmkd Live fast, die young! skateboarding videoclip
Возат Риат, Иле, Виктор помалиот, Иво, Игор, Перо, Зифи... клик тука за да го гледаш! 10 и нешо мегабајти...
Поздраф!!
____________________________________
xmkd ДЕНИ ТЕ ЧУВА ВО ЖИВО НА КАНАЛ 103
Во седмото продолжение на акустичните сесии на Канал 103 во рамките на емисијата „Тажен и прекрасен свет“, оваа недела, со почеток во 22 часот ќе се претстават ДЕНИ ТЕ ЧУВА. Ќе настапат во полн состав, а ќе отсвират и дел од новиот дисторзиран албум кој е во подготовка.
_____________________________
xmkd Bloodhound Gang во Скопје!!!
Предвесниците на популарните JACKASS, контроверзните, експлицитните, налудничави Bloodhound Gang доаѓаат во Скопје. Спремете се, на 21 Јуни на Скопското Лизгалиште во склоп на нивната светска турнеја по повод промоција на новиот албум “Hefty Fine“, а само неколку дена после настапите на фестивалите Рок ам Ринг и Рок им Парк да присуствувате на концерт каков не сте ни замислувале дека ќе гледате. Настап полн со шокови, изненадувања, лудории, инзворедна музика... Башка влезница само 300 денари бидејќи Литиум слави 10 годишница со вас! Прогнозерите најавуваат убаво време, Ние гарантираме забава до бесвест (Нови дечки)!!! До тогаш, повторете ги добро познатите рефрени: You and me baby ain’t nothing but mammals, so let’s do it like they do on the Discovery Channel… Апостолките во раце се глеаме на Скопско лизгалиште. Повеќе...
_____________________________
xmkd plagijat Баскерфест 2006 - Скопје
Ви текнува ли кога ќе сте искочеле надвор од земјава и ќе сте посетеле некоја од големите европски метрополи или некој поголем град на оние изведувачи што ги красат плоштадите, метроата, парковите и сл? Незнам за вас, но јас стално сум заглавувал на такви места! А еве една извонредна прилика истите тие дешавки да ги погледнеме во нашиот град. Повеќе...
_____________________________
xmkd Trick Tip Video: Fence Ollies

Како што вика Joe Carlino не е се во огромните 1080-ски и крејзи мадафака гапови. Пред вас е една од најзабавните работи кои може да се праат на сноуборд. Флет олија преку ограда. Гледајте, уживајте, пробајте...

Воздра!
__________________________________________
xmkd Inline Video Clip, Happy Guys!
Возат Роко, Диви, Пеџа, Жути, Гого, Хакер... клик на сликата за да го гледаш!
Поздраф!!
___________________________________
xmkd I OBJECT!/FxPxOx/SIDEWALK @ the club :: 7 Juni
www.myspace.com/fxpxox
www.myspace.com/iobject
Поздраф!!
_______________________________________
xmkd Тазе клипче од Диви и фотка од Пеџа!
klik za daunload
Поздраф!!
________________________________
xmkd Новата шипка на кеј!
Еве неколку фотки од новата шипка на кеј... Повеќе...
Поздраф!!
_______________________________________
xmkd MTfakingB Video Day!
Enjoy!!
________________________________________
xmkd Крејзи мадафака! - koj ne go videl odma da go vidi!
klik
Видео, буп'т'буп, крејзи гај! Гет д'пикч'р? Клик д'пикч'р! :)
_____________________________
xmkd Суперхикс со нов албум и со свирка во КПД „Идризово“!

СУПЕРХИКС Live in Skopje во продажба со Теа Модерна, Тин Шема и Крстозбор.

Дата: 24 мај
Продажни места: колпортери, трафики, шопови, драгстори, дилери низ цела Македонија.
Тираж: 30 000 комада.
Времетраење: 65 минути
Име на Албумот: Саботна Фиеста, Неделна сиеста.
Цена: 30 денари (малку помалку од едно евро)
Промоција?
Е сега вака:
Lithium Records поднесе официјално барање до Министерството за правдаи г-ѓа Мери Младеновска да одобри официјална промоција на албумот во Казнено поправниот до „Идризово“ (кликните да го видите). Доколку добијат позитивен одговор, ние (групата Суперхикс) ќе одржиме бесплатен концерт за сите воспитаници во домот, со цел:

  1. воведување на културни активности или процес на така наречена ресоцијализација на затворениците
  2. подобрување на условите во кои моментално престојуваат затворениците и применување на ЕУ стандардите
  3. акција „со култура против насилството“

Доколку ова не успееме да го реализираме, вие планирајте да си купите цеде.
Ако успееме да ја оддржиме промоцијата во КПД „Идризово“ ќе можете да го следите благодарение на договорениот директен пренос на Спорт 4 Телевизија (од неодамна ја има на сателит).

p.s Ако некој има добри врски во министерсто за правда ве молиме пишете на [email protected]

_____________________________
xmkd BACKFLIP HEEL CLICKERS

Adam Jones објаснува триктип BACKFLIP HEEL CLICKERS. Станува збор за MOTO X трик и тоа од оние по напредните. Навистина заебан трик кој за да го помислиш да го пробаш треба да си доста искусен моторџија:) Епа клик овде и гледајте...

Поздраф!!
________________________________________
xmkd DC туринг Australia!
Пред две недели скејтоборд тимот на DC фатил џенем за Австралија со една ствар у главата. 15 дена возење, серија на демоа, и заебанции. Сега се вратиле назад, турнејата поминала повеќе од успешно, а нас ни останува да отидеме на мини-сајтот направен по повод оваа турнеја и да ни течат лиги. Палома у рука и ајт....
Поздраф!!
________________________________________
xmkd Голем мраз во Чиле

Хералд Бергер и Алберт Лајтфрид заедно со фотографот Херман Ербер (сите тројца од Австрија) искачија нова огромна насока на превисен мраз на височина од преку 4500мнв во Чиле. Тие ја откриле оваа насока на јужната страна на Черо Мармолехо (6100мнв). На истата планина во 2002 година Канаѓаните Бен Фирт и Емон Волш искачија насока од пет должини ( The Nook – WI6+), но на јужно-западната страна.

Поради лоши услови на оваа страна, Австријците се преместиле на јужната страна и откриле огромни мразеви. Резултат на тоа е насоката Senda Real (6 должини и тежина WI7+) Повеќе...
ПозXдраф!!
_______________________________________
xmkd plagijat Паркети за download!

Hey mommy, I don't want to eat salami anymore! Еве ги пак кај нас на гости.. ван енд онли.. Паркети фром Битола!!!
Поголема најава за нив и не е потребна.
Нашите мили и драги пријатели веќе го спремаат материјалот кој би требало да се појави на новиот албум.. Снимени се неколку песни. Од тоа дел се на англиски, а дел од нив на македонски. Очигледно Паркети имаат план да тргнат и во освојување на странскиот пазар.
Да се надеваме дека што поскоро ќе можеме да го преслушаме целиот албум, а до тогаш ЕКСКЛУЗИВНО на плагиј.ат, Паркети не частат со две песни што ќе се најдат на него.
Download, звучките до даска и уживање!!

She's a sweet vegetarian
Сакам да те галам

Parki | 16:11:24 на 10.05.2006

Како со две бре ве частиме со 20 :)
happy download
_____________________________
xmkd Скејтпарк Карпош - work in progress (Состојба на 10 Мај 2006)
Еј луѓе, топ е скејтпарков бе не заебаајте. Мислам рано е да се каже и подобро е радоста да почека додека не го видиме и пробаме комплетно готов, али ова што го видов денес е добро направено до сега. Барем така изглеа сеа за сеа. Океј точно е дека на скицата изглеа поголем али не е лош и вака. Повеќе...
Поздраф!!
_______________________________________
xmkd plagijat Во чест на Даниел Михајловски

Вечерва во клубот на „Лајф Радио“ со почеток во 20 часот, во организација на Елизабета Клинчаревска, Марина Лотевска, како и децата од „С`клет“ при ДСУ „Ѓорѓи Димитров“ ќе се оддржи роденденска дружба по повод сеќавање на новинарот Даниел Михајловски и неговото творештво како голем процес на македонската андергарунд сцена. На овој настан, учество ќе земат неколку афирмирани ди – џеи, членовите на „С`клет“, неговите пријатели и почитувачите на неговото дело. Даниел Михајловски е новинарот кој пишуваше за се она што не опкружува и ни го прави животот ваков или онаков. „Слобода“, „Излезот е на крајот“, „Кој ќе ја фати оваа фрекфенција“, „Хонорарен патриотизам“, се само неколку наслови на колумни кои ќе ги имаме како спомен и примиер дека треба слободно да проговориме за се она што не ни се допаѓа и сакаме да го промениме. Повеќе...
_______________________________________
xmkd NOSEGRINDS KICK ASS!
Викендов се туривме од снимање... Иле пукаше носграјндови ко луд. Наскоро клипче, а на него ќе ги гледате Иле, Зифи, Перо, Виктор, Риат и други... Till then... go out and SKATE!
Поздраф!!
_______________________________________
xmkd Најголемата мистерија на Еверест...
Ќе се обидеме да ви ја претставиме најголемата нерешена „мистерија“ поврзана со искачувањата на Еверест – т.е. дали тој веќе бил качен 30 години пред првото официјално искачување во 1953 година... Повеќе...
ПозXдраф!!
_______________________________________
xmkd plagijat Концерт на КЛО во Лудница

Вечерва, 06.05.2006, во клубот Лудница, со почеток околу 22:00 часот, КЛО ќе настапат за прв пат пред поширока публика.
Досега КЛО имаат настапено во живо кај Ѓорги Јаневски во „Тажен и Прекрасен Свет“, емисија на радиобрановите на Канал 103. Се работи за еден пријатен, меланхоличен и релаксиран настап, вклучува две гитари (Дејан Змејкоски и Александар Ников) и прекрасниот ангелски вокал на Соња Димитриоска, на моменти плус флејта. Она што остава навистина силен впечаток се токму вокалите на Соња, која потсетува дури и на Hope Sandoval (Mazzy Star) и дава посебна димензија на нивната жива изведба. Освен Mazzy Star, бендот црпи влијание од My bloody valentine, Cocteau Twins, Cranes и сл. Од нивните песни, Starlight се најде на компилацијата Зависна Листа.мк-Нов Бран, додека нивниот демо албум можеше да се чуе само на Канал 103, циркулирајќи низ потесен круг обожаватели.
Доколку се погоди времето, ќе има отварање на „Летната Бавча“, кадешто концертот ќе се одржи во нов soundsystem.

Поздраф, S.
_______________________________________
xmkd Како започнавме?

Како започнавме?

Еве се како започна.

Пред четири години во Скопје почна по интезивно да се вози Mountain Bike со што секоја недела се повише и повише се собиравме.На самиот почеток бевме пет возачи. По извесен период таа бројка се зголеми. Препуштени сами на себе почнавме да скокаме скали, ѕидчиња и некои такви тумби и скокчиња што не ни беше некаков пробле.Но откако се зголеми бројката на возачи почна и поагресивно да се вози на пример како што рипавме по три до четири скали Повеќе...
Вештер
____________________________________
xmkd plagijat Straight Jackin во Скопје!

Скопје почнува да наликува на нормален европски град, во поглед на музичкиот код кој се негува и конзумира во секојдневието како главен оброк во скоро сите понормални општества. Годинава на наше општо задоволство може да се избројат многу интересни и квалитетни концерти, свирки, журки, кои се случија кај нас во изненадувачки краток период. За восхит се и најавените претстојни концерти кои ги очекуваат луѓето од Скопје и Македонија. Како дел од интересните претстојни концерти кои ќе се случуваат во наредниов период во Скопје, ви ги претставувам белградските регерокери и хипхопери, обединети под името “Straight Jackin”, кои ќе одржат целовечерен концерт во МКЦ на 13ти Мај. Појќе мор!

_____________________________
xmkd КАЧУВАЧКИ ЛОКАЛИТЕТ СТЕЊЕ, Преспа 09. 04. 2006
Битолчаните отсекогаш биле и  ќе бидат меѓу врвните во планинските спортови. Од таму се и носители за отворање на новиот качувачки локалитет во Македонија, Стење на самиот брег на Преспанското езеро.
На 09 Април на прекрасно сончево време се отворија две нови насоки и покрај првата насока, сега веќе постојат три нови насоки. Карпата не пружа многу за отворање нови спортско качувачки насоки, но и тие што ќе се направат ќе бидат одлични за загревање, за средно па и за тешко спортско качување.
Стење се наоѓа 55 км од Битола. Карпата е северно ориентирана, а е варовник кој на прв поглед изгледа кршило, но не е така. По темелно чистење се добиваат одлични делови за насоки.
Впрочем треба да го посетите и да се качувате, исто како и ние што направивме. Имено Горан, Марјан, Стево и Вања(АК“Вертикал“) како домаќини и Владо, Пуци, Иле, Дики и Виктор(АСКК“Екстрем“) беа посетителите на Стење на 09(недела) Април, каде Горан, Иле и Пуци отворија две насоки.
Повеќе...
Поздраф!!
_______________________________________
xmkd Основни техники за качување на мраз...
Кога велиме „техники“ всушност мислиме на начинот на работење со цепините и дерезите. Тие начини зависат од типот на подлогата која ја качуваме – дали е снег или мраз и од нејзината наклонетост/стрмнина. Најпрвин ќе ги споменеме основите на движење по снег и мраз без дерези: Повеќе...
Поздраф!!
_______________________________________
xmkd Plan B Video Day!
back flip pat duffy
На левата слика го гледате првиот бексајд флип кој го спукал Дени Веј пред 80.000 луѓе, загревајќи се за мегарамп натпреварот во Мексико Сити. Покрај Дени во Мексико на мегарампот возат и Боб Брнквист кој свртел фронт флип како и Switch Mute 180 то HUGE frontside air handflip, Пјер кој направил солиден кикфлип инди 360, а секако и Rob "Wookie" Loriface кој доби оправдано отсуство од школо за да скрпи одличен frontside stalefish 360. Сето тоа преку гап од околу 15 метри од мегарампот висок околу 5-6 метри. Дешавката сеуште е во тек така да посетете го сајтот http://www.dannyway.com/ за уште по некој апдејт.

А на десната слика имате еден извореден видео клип од легендарниот Пат Дафи кој одамна не сме го виделе во ваква акција!

Епа кликајте на сликите и гледајте!
Поздраф!!
_______________________________________
xmkd Жену Варам
download
Забранетиот спот „Жену Варам“ од ЛЕТ 3! Клик на сликата за даоунлоуд. А овде и повеќе за тоа каде и зошто. А овде и една емпетројка - првиот сингл од албумот „Једина“: PNNK.mp3
_____________________________
xmkd Практичен пирс!

 

Хе хе, му текнало на некој...

Повеќе...
_____________________________
xmkd News from TWS
It's time - trailer

Новото и воедно прво видео на Circa. Клик на сликата за траилер. Премиера на 19 мај!
• Richie Jackson on Vox

• C1RCA Video Open To The Public, The Jam, Koston/Lakai Vid

• Koston on Lakai

• Demos, Premieres, And More

• Pack Your Bags Results
Поздраф!!
_____________________________________
xmkd plagijat Sick Of It All во МКЦ!
Видео:
Two Sides: 01 / 02 / 03
Smut: 01 / 02 / 03
Sick Of It All: 01 / 02 / 03 / 04 / 05 / 06 / 07 / 08 / 09

Одамна чекав да се случи вакво нешто во Скопје... Конечно и ние да можеме да се пофалиме со квалитетни свирки и вистински големи бендови од светски размер. Немаше потреба од големо рекламирање бидејќи уште со пуштање на првите шупкања, и излегувањето на првите плакати кои беа само со датум, веќе сите знаеа за гигот, и сите беа спремни да платат колку и ќе се побара само за да ги видат во живо. Како времето се ближеше така деновите се одбројуваа, се преслушуваа старите ЦДиња, се гледаа спотовите, и се коментираше за бендот. Конечно дојде и денот и се упативме сите кон МКЦ. Повеќе...

Txt: Shroomie & Dona / Foto: Haker / Video: Haker
_____________________________
муабети box
Chat Forum
email box
username

password

сакам XMKD email!

Проблеми со логирање?
Пробај од овде!
превод box
radio box
срч box

xmkd